Скока на јаже и во бременоста - Адријана Лима ги откри тајните за совршен изглед (фото)

Голем број бремени жени имаат проблеми со кожата на лицето, а Адријана Лима блеска и со третото дете, дополнително се чини дека таа има стомачни мускули и врз трудничкиот стомак. Неодамна манекенката откри што прави за и во третата бременост да изгледа совршено?

skoka-na-jazhe-i-vo-bremenosta-adrijana-lima-gi-otkri-tajnite-za-sovrshen-izgled-foto-01.jpg

Моделот Адријана Лима (40) важи за една од најубавите жени во светот, а неодамна на црвениот тепих на Филмскиот фестивал доминираше во гламурозни изданија во кои го покажа трудничкиот стомак.

Бременоста е период од кој најголем број од жените стравуваат. Телото во целост ви се менува, а заради големите хормонални промени, можни се проблеми со кожата на лицето, подуеност, појава на стрии, целулит...

skoka-na-jazhe-i-vo-bremenosta-adrijana-lima-gi-otkri-tajnite-za-sovrshen-izgled-foto-02.jpg

Лима која во моментов е бремена по третпат, неодамна даде опширно интервју за Marie Claire каде говореше кои се нејзините трикови со кои успева да изгледа совршено иако е веќе во поодмината фаза од бременоста.

За неа важи животното мото: „храната е гориво, движењето е задолжително и мора да водите сметка за својот разум“, а тоа го применува и за време на бременоста.

„Сакам да бидам пример за моите деца и да ги научам дека треба да се грижат за себеси и тоа не само за надворешниот изглед, туку и за внатрешниот мир, важно е што јадат, но и како се чувствуваат“ – вели таа.

skoka-na-jazhe-i-vo-bremenosta-adrijana-lima-gi-otkri-tajnite-za-sovrshen-izgled-foto-03.jpg

Еден од највпечатливите делови од телото на Лима е нејзиното чисто лице. Адријана овојпат реши да открие во што се крие нејзината тајна:

„Мојот трик е во тоа што кога го мијам лицето не користам вода од чешма, туку користам само прочистена вода од шише. Водата од чешма содржи хемикалии и го поттикнува развојот на бактерии. Исто така можете да користите и машина за филтрирање на водата“ – вели Адријана.

skoka-na-jazhe-i-vo-bremenosta-adrijana-lima-gi-otkri-tajnite-za-sovrshen-izgled-foto-07.jpg

Кога станува збор за чистото лице, убавата Бразилка открива дека користи само лесна шминка, со основа во која е инкорпориран и фактор за заштита од сонце.

Лима открива дека за време на бременоста мора да биде мошне внимателна за производите што ги користи, а како што вели, одлучила сите вообичаени производи да ги замени со органска козметика, а освен тоа не пропушта да вежба во теретаната.

„За да се загреам сакам да правам кардио вежби. Околу 5 до 10 минути се загревам со скокање на јаже, а доколку сте добри со правење пируиети и не сакате да вежбате во теретана, можете да направите 150 пируети, но не одеднаш!

Добро е да правите по 10 до 15 во серија. Загревањето е одлично за да ве разбуди и да ја поттикне циркулацијата на крвта“ – вели Адријана.

Погледнете неколку нејзини фотографии направени за време на појавувањето на Канскиот Фестивал:

adrijana-lima-otkri-koja-e-nejzinata-tajna-za-chisto-lice-vo-bremenosta-06.jpg

adrijana-lima-otkri-koja-e-nejzinata-tajna-za-chisto-lice-vo-bremenosta-08.jpg

adrijana-lima-otkri-koja-e-nejzinata-tajna-za-chisto-lice-vo-bremenosta-09.jpg

skoka-na-jazhe-i-vo-bremenosta-adrijana-lima-gi-otkri-tajnite-za-sovrshen-izgled-foto-05.jpg

skoka-na-jazhe-i-vo-bremenosta-adrijana-lima-gi-otkri-tajnite-za-sovrshen-izgled-foto-06.jpg

skoka-na-jazhe-i-vo-bremenosta-adrijana-lima-gi-otkri-tajnite-za-sovrshen-izgled-foto-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg