8 eдноставни трикови за свеж и младешки изглед (без естетски корекции)

Можете да ја спречите појавата на брчки со масажа, а можете да ги намалите отоците на лицето со обичен мраз.

ednostavni-soveti-za-svezh-i-mladeshki-izgled-bez-estetski-korekcii-01.jpg

Естетските корекции се брз начин да дојдете до младешки изглед, но нема потреба да трошите пари на нив.

Постојат бројни начини да го подобрите изгледот на вашето лице без да потрошите мало богатство.

Уште подобро е што за повеќето трикови и третмани, не треба ни да го напуштите домот.

Во продолжение неколку совети за младешки изглед без корекции:

Масирајте го лицето

Едноставен (и бесплатен) начин да го зачувате младешкиот изглед се масажите за лице.

Со масажата се подобрува циркулацијата на лицето и со текот на времето ќе ги намалите малите брчки и ќе ја спречите појавата на нови. 

На фотографијата подолу можете да видите во кои насоки треба да ги движите прстите на разните делови од лицето, а на интернет можете да најдете и многу видеа од кои ќе научите и други техники.

Кога го масирате лицето важно е да не притискате многу силно, но и да користите крем за да не ја иритирате кожата.

ednostavni-soveti-za-svezh-i-mladeshki-izgled-bez-estetski-korekcii-02.jpg

Пијте многу течности

Хидратацијата е клучна и за здравјето, и за младешкиот изглед. Но, треба и да знаете кои пијалаци се најдобри за хидратација.

Кафето, газираните пијалаци и црниот чај содржат многу кофеин, па ако ги пиете во големи количини, можат и да ве дехидрираат.

Нема потреба целосно да се откажете од нив, но осигурете се дека во текот на денот ќе испиете повеќе течности што хидрираат, како вода, чај од камилица, па дури и овошен сок.

ednostavni-soveti-za-svezh-i-mladeshki-izgled-bez-estetski-korekcii-03.jpg

Негувајте ја вашата коса според нејзиниот тип

Денес постојат продукти за буквално секаков тип на коса - виткана, права, мрсна, сува, кршлива - па важно е да откриете кој е вашиот и да ги користите соодветните производи.

Бидејќи, и косата има огромно влијание врз тоа колку младо ќе изгледа вашето лице. 

ednostavni-soveti-za-svezh-i-mladeshki-izgled-bez-estetski-korekcii-04.jpg

Ако, на пример, имате сува коса, а користите продукти за мрсна, само дополнително ќе ја исушите.

ednostavni-soveti-za-svezh-i-mladeshki-izgled-bez-estetski-korekcii-05.jpg

Одбирајте очила според формата на вашето лице

Без разлика дали носите очила со диоптер или сакате да купите очила за сонце, избирајте ги моделите според формата на вашето лице.

На колажот во продолжение можете да видите кои модели стојат најдобро на различни форми на лице.

ednostavni-soveti-za-svezh-i-mladeshki-izgled-bez-estetski-korekcii-06.jpg

Уште 4 совети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg