8 eдноставни трикови за свеж и младешки изглед (без естетски корекции)

Земете ја предвид бојата на вашата кожа кога се шминкате

За посвеж изглед, морате внимателно да ја одберете и бојата на шминката што ја нанесувате во зависност од вашиот тен.

На пример, на девојките со потемен тен подобро им стојат топли нијанси, додека девојките со многу светла кожа изгледаат одлично со постудени тонови.

ednostavni-soveti-za-svezh-i-mladeshki-izgled-bez-estetski-korekcii-07.jpg

Намалете ги отоците на лицето со мраз

Покрај тоа што со мразот ќе ги намалите отоците на лицето, оваа „терапија“ може да ја зголеми еластичноста на кожата и да ве подмлади.

Само бидете внимателни – немојте никако да ставате мраз директно на кожата, туку ставете го во крпа или некаква чиста ткаенина.

ednostavni-soveti-za-svezh-i-mladeshki-izgled-bez-estetski-korekcii-08.jpg

Пијте една шолја зелен чај дневно

Зелениот чај е богат со антиоксиданти, може да ја заштити кожата и да ви помогне да го задржите младешкиот изглед.

Покрај тоа, содржи и кофеин, па една шолја може да ви го зголеми и нивото на енергија.

ednostavni-soveti-za-svezh-i-mladeshki-izgled-bez-estetski-korekcii-09.jpg

Спијте доволно и не ја заборавајте физичката активност

Не залудно експертите постојано ја нагласуваат важноста од сонот, но и физичката активност.

Нашето тело, на некој начин, се регенерира додека спиеме, а ова важи и за кожата на лицето.

Физичката активност, пак, го подобрува целокупното здравје, а тоа сигурно ќе се одрази и на изгледот на вашето лице.

ednostavni-soveti-za-svezh-i-mladeshki-izgled-bez-estetski-korekcii-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg