Боја на цимет и кафе – хит нијанса за коса за летната сезона (фото)
Бојата на цимет и кафе е одличен избор ако сакате малку да ја осветлите косата во топлите летни денови.
Со доаѓањето на потоплите денови, многу девојки и жени сакаат да ја осветлат косата и да добијат „полетна“ нијанса.
Но, ако имате темна коса, осветлувањето за многу нијанси може да биде макотрпно, но и да ви ја оштети косата.
Токму затоа, кај многу девојки и жени вистински хит е бојата на кафе и цимет – посветла нијанса со кафеави и црвено-портокалови тонови. Оваа боја изгледа одлично ако имате светла кожа, а може да изгледа уште подобро откако ќе се исончате.
Покрај тоа, лесно можете да ја добиете бојата без разлика дали претходно косата ви била многу темна или многу светла.
Неколку фотки за инспирација:
https://www.instagram.com/p/CZLSk02NkKd/
Спирова С. | Црнобело