Што треба да знаете за шампонот за суво миење и како правилно да го користите?

„Сувиот“ шампон не ја мие косата, туку ги апсорбира нечистотиите и прави таа да изгледа почисто. Затоа, иако во некои ситуации е корисен, не може да биде замена за вообичаено миење на косата со обичен шампон.

shto-treba-da-znaete-za-shamponot-za-suvo-mienje-i-kako-pravilno-da-go-koristite-01.jpg

Шампоните за суво миење можат да бидат вистински спас кога немате време за бањање, а имате некоја неодложна обврска.

Иако тие навистина се генијален изум, сепак не треба да претерувате со нивната употреба.

Што треба да знаете за овие продукти и како правилно да ги користите?

И покрај името, сепак не е шампон

Иако овој продукт е познат како шампон за суво миење, тој воопшто не ја мие косата.

Наместо тоа, „сувиот“ шампон ги апсорбира нечистотиите и мастите од скалпот, па прави косата да изгледа почисто.

shto-treba-da-znaete-za-shamponot-za-suvo-mienje-i-kako-pravilno-da-go-koristite-02.jpg

Не може да го замени миењето на косата со обичен шампон

Како што веќе кажавме, овие продукти само ги впиваат нечистотиите и не ги чистат косата и скалпот.

Затоа, не можат да бидат замена за вообичаеното миење.

shto-treba-da-znaete-za-shamponot-za-suvo-mienje-i-kako-pravilno-da-go-koristite-03.jpg

Што содржи шампонот за суво миење?

За разлика од вообичаените шампони кои содржат вода и состојки за миење кои ги отстрануваат нечистотиите, „сувите“ шампони најчесто содржат алкохол, скроб или вид глина.

Овие состојки ги впиваат нечистотиите од скалпот, но не ги отстрануваат.

Секако, овие продукти имаат и мириси што им даваат пријатна арома.

shto-treba-da-znaete-za-shamponot-za-suvo-mienje-i-kako-pravilno-da-go-koristite-04.jpg

Важно е да го користите според типот на вашата коса

Секој тип на коса си бара различни продукти и различна нега, а ова важи и за шампоните за суво миење.

Ако имате коса која брзо се мрси, можете да го нанесете сувиот шампон и веднаш по миење кога времето е многу топло и потењето е почесто.

Ако имате сува коса, препорачливо е да го користите овој продукт само кога е навистина неопходно за да не ја исушите косата дополнително.

Ако имате виткана коса, прво исчешлајте ја косата, па потоа нанесете го шампонот.

shto-treba-da-znaete-za-shamponot-za-suvo-mienje-i-kako-pravilno-da-go-koristite-05.jpg

Не треба да претерате со неговата употреба

Избегнувајте да ги користите овие шампони секојдневно и никако немојте да ги користите како замена за обичен шампон.

Бидејќи продуктот останува на вашиот скалп, ако го ставате секојдневно, може да ги затне фоликулите и да настане иритација.

Најдобро е да ставате шампон за суво миење не повеќе од 2-3 пати неделно и секогаш правете пауза од барем еден ден помеѓу две употреби.

shto-treba-da-znaete-za-shamponot-za-suvo-mienje-i-kako-pravilno-da-go-koristite-06.jpg

Како да го нанесете правилно?

Ако имате нормална или сува коса, користете шампон за суво миење само кога ќе забележите дека косата ви изгледа мрсна. Притоа, немојте да го нанесувате по целата должина, туку само на корените.

Нанесувајте го шампонот на растојание од 15-тина сантиметри, а потоа измасирајте го скалпот со прстите.

Оставете го да делува неколку минути, па ако има вишок што се познава, можете да го „издувате“ со фен за коса.

Препорачливо е и да го нансувате навечер, пред спиење – на овој начин ќе има повеќе време за делување.

shto-treba-da-znaete-za-shamponot-za-suvo-mienje-i-kako-pravilno-da-go-koristite-07.jpg

Користете го поретко ако имате проблеми со првут

Нема доказ дека шампонот за суво миење предизвикува првут. Но, ако веќе имате проблеми со првут, препорачливо е бидете умерени со користењето на овој продукт.

Нечистотиите и мастите се една од причините за појава на првут, а бидејќи тие остануваат на скалпот кога користите сув шампон, претераното користење може да ја влоши состојбата.

shto-treba-da-znaete-za-shamponot-za-suvo-mienje-i-kako-pravilno-da-go-koristite-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg