Не ставате заштитен слој врз лакот и уште 8 грешки во маникирот поради кои ноктите ви изгледаат несредено
Многу е важно каква турпија користите – најдобри се хартиените турпии, а ако имате кршливи нокти, подобро користете стаклена. Сепак, избегнувајте ги металните, особено за кратки нокти, бидејќи ги оштетуваат.
Нема потреба постојано да одите во салон за да имате средени нокти. Но, мора да избегнувате некои грешки ако сакате маникирот да ви изгледа добро.
Најчестите грешки во продолжение:
Не ги сечете ноктите со ножички
Ножичките за нокти имаат поостро сечило и можете полесно да ги контролирате, односно со нив полесно ќе ги исечете ноктите во посакуваната форма.
Користите погрешна турпија
Постојат неколку видови турпии за нокти, а вие треба да одлучите која е најдобра за вас според вашите нокти.
Хартиените турпии се пофлексибилни и со нив лесно можете да ја добиете посакуваната форма. Исто така, тие не им нанесуваат голема штета на ноктите.
Стаклените турпии се одлични ако имате кршливи нокти бидејќи се понежни од хартиените.
Металните турпии се можеби најлоши за вашите нокти бидејќи се многу груби. Сепак, овие турпии можат да бидат добро решение ако сакате малку да ги средите долгите нокти.
Не ја чистите турпијата по користење
На турпијата остануваат сите бактерии од вашите нокти. Па, доволно е да си направите мала рана додека ги средувате ноктите, за бактериите од турпијата да завршат во неа.
Скоро сите турпии можете да ги чистите со обичен сапун и вода.
Хартиените турпии, од друга страна, се за само неколку употреби и речиси се распаѓаат сами. Бидејќи не можете да ги измиете со вода, препорачливо е да ги испрскате со алкохол за да ги дезинфицирате.
Треба да го чистите и останатиот прибор за маникир по секое користење.
Не ги миете рацете
Откако ќе завршите со турпијата, мора да ги измиете рацете пред да почнете со лакирање.
Само вака ќе ги отстраните сите остатоци од ноктите, мртвите клетки и бактериите.
Се лакирате во многу топла соба
Ако температурата во просторијата е многу висока, лакот за нокти ќе се суши многу подолго.
Ако, пак, воздухот е многу влажен или дланките ви се испотени, ќе се навлажнат и вашите нокти. А, ноктите треба да бидат целосно суви пред да ги лакирате.
Го лакирате ноктот со еден потег
За рамномерно да го лакирате ноктот, потребни се три чекори. Најпрво направете линија на средината на ноктот, потоа од едната страна, па од другата.
На овој начин ќе го лакирате целиот нокт со слој со иста дебелина.
Во зависност од лакот, можно е да треба да ја повторите постапката и да ставите уште еден слој на истиот начин.
Брзате кога се лакирате со темен лак
Грешките се многу повоочливи со темен лак, па одвојте малку повеќе време кога правите темен маникир.
Не нанесувате заштитен слој
Заштитниот слој ќе им даде поубав сјај на ноктите, но и навистина ќе го направи подолготраен.
Односно, нема да ви се излупи по само едно миење садови, туку ќе трае барем 3-4 денови.
Не ги чувате лаковите на соодветно место
Лаковите за нокти треба да ги држите настрана од сончева светлина, односно на темно место.
Исто така, по секое користење чистете го отворот на лакот – од преостанатиот лак капачето може да се залепи за шишенцето, но и да не се затвори добро, па лакот да се исуши побрзо.
Спирова С. | Црнобело