10 грешки со шминката заради кои изгледате неуредно

Шминката може да биде корисна, само кога ја користите правилно. Во спротивно, може да остави впечаток дека недоволно се грижите за себе.

10-greshki-so-shminkata-zaradi-koi-izgledate-neuredno-001.jpg

Кои грешки да ги избегнете ако сакате природен, беспрекорен изглед?

1. Не правите пилинг на усните пред да нанесете кармин или сјај.

На овој начин секоја пукнатина на устата ќе се наполни со карминот и ќе се создадат грутки.

10-greshki-so-shminkata-zaradi-koi-izgledate-neuredno-01.jpg

2. Не ја нанесувате пудрата на вратот.

Со ова создавате разлика во тенот помеѓу лицето и вратот, што не е пријатно за окото.

10-greshki-so-shminkata-zaradi-koi-izgledate-neuredno-02.jpg

3. Не ги чистите четките за шминка.

Еднаш во месецот би требало да ги потопите во млака вода со сјај и темелно да ги исчистите, за да не се создаваат бактерии кои ви ја уништуваат кожата.

10-greshki-so-shminkata-zaradi-koi-izgledate-neuredno-03.jpg

4. Користите една сенка за да создадете ефект на зачадени очи.

Во оваа техника мора да се користат минимум 2 сенки, како ефектот не би делувал застрашувачки и мрачен.

10-greshki-so-shminkata-zaradi-koi-izgledate-neuredno-04.jpg

5. Не ги исцртувате усните со моливче.

Моливчето го спречува размачкувањето на карминот. Но, тоа не би требало да е потемно од нијансата на карминот.

10-greshki-so-shminkata-zaradi-koi-izgledate-neuredno-05.jpg

6. Користите стара пудра.

Не заборавајте дека старата пудра може да создаде иритации на лицето, да се формираат грутки, па дури и да ја промени нијансата.

10-greshki-so-shminkata-zaradi-koi-izgledate-neuredno-06.jpg

7. Лошо ги нанесувате вештачките трепки.

Освен ако не сте професионалец во оваа работа, подобро е да користите обична маскара на природните трепки.

10-greshki-so-shminkata-zaradi-koi-izgledate-neuredno-07.jpg

8. Ставате руменило на погрешен дел од образите.

Оваа шминка би требало да создаде природно руменило на врвот од образите, а не странични линии.

10-greshki-so-shminkata-zaradi-koi-izgledate-neuredno-08.jpg

9. Користите кафеави тонови за исцртување на очите.

Подобро е да користите црн туш, ако веќе сакате да додадете елеганција на окото.

10-greshki-so-shminkata-zaradi-koi-izgledate-neuredno-09.jpg

10. Претерано ги оцртувате веѓите.

Веѓите се најважниот детаљ на ликот, па затоа не би требало да се претерано тенки, исцртани и обоени. Доволно е само да ги пополните недостатоците на влакненцата.

10-greshki-so-shminkata-zaradi-koi-izgledate-neuredno-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
5 совети како да ги нашминкате ситните очи (за да ги зголемите визуелно) Тенка линија со тушот, светла сенка или коректор на внатрешната страна на окото ...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Јапонска рутина за нега на лице во 6 чекори (за блескава кожа) Добро отстранете ја шминката и темелно исчистете го лицето, а на крај не заборав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg