„Барби опавче“ - хит фризура за пролет 2022 (фото)

Стилски, женствено и малку ретро „Барби опавчето“ ќе ви врати спомени од детството, но и ќе ве направи модна икона оваа пролет.

barbi-opavche-hit-frizura-za-prolet-2022-foto-01.jpg

Косата прибрана во опавче е вечна класика, но оваа пролет 2022, ќе биде хит опавчето во стил на Барби, фризура која дел од славните дами ја обожаваат, без разлика дали за на црвен тепих или за кежуал пригоди.

Едноставната Барби фризура, која ни враќа убави спомени од детството, е лесна за правење и со неа дефинитивно ќе изгледате женствено и ИН.

Хејли Бибер, Џенифер Лопез, Аријана Гранде се дел од славните дами што го обожаваат „Барби опавчето“.

barbi-opavche-hit-frizura-za-prolet-2022-foto-10.jpg

Која е главната карактеристика на ова опавче?

Тоа е големиот волумен и големото извиткување нанадвор на крајот од опавчето. Опавчето е високо позиционирано и ќе ви даде доза на елеганција. Ќе изгледате уредно и префинето.

Вашата коса треба да биде доброисчешлана и можете со еден прамен од косата да го обвиете коренот на опавчето за да го сокриете ластичето.

Сето тоа фиксирајте го со лак за коса, а може да прснете и некој спреј за дополнителен сјај, за да изгледате како кукла од реалноста.

Неколку идеи oд славните дами:

Хејли Бибер

barbi-opavche-hit-frizura-za-prolet-2022-foto-04.jpg

barbi-opavche-hit-frizura-za-prolet-2022-foto-03.jpg

barbi-opavche-hit-frizura-za-prolet-2022-foto-02.jpg

Аријана Гранде

barbi-opavche-hit-frizura-za-prolet-2022-foto-06.jpg

barbi-opavche-hit-frizura-za-prolet-2022-foto-14.jpg

barbi-opavche-hit-frizura-za-prolet-2022-foto-13.jpg

Џенифер Лопез

barbi-opavche-hit-frizura-za-prolet-2022-foto-05.jpg

barbi-opavche-hit-frizura-za-prolet-2022-foto-12.jpg

Кајли Џенер

barbi-opavche-hit-frizura-za-prolet-2022-foto-07.jpg

Рис Витерспун

barbi-opavche-hit-frizura-za-prolet-2022-foto-11.jpg

Џиџи Хадид

barbi-opavche-hit-frizura-za-prolet-2022-foto-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg