9 популарни трендови за убавина кои биле хит и во минатиот век

„Мулет“ фризура

Мислењето на јавноста засекогаш ќе биде поделено во врска со оваа фризура, но факт е дека повторно станува хит. А, можеби најзаслужна за тоа е Мајли Сајрус.

Истата фризура беше хит и во 70-тите, благодарение на ѕвездите како Џоан Џет, Дејвид Боуви и Род Стјуарт.

dolgi-nokti-so-vpechatlivi-dezeni-i-ushte-8-popularni-trendovi-za-ubavina-koi-bile-hit-i-vo-minatiot-vek-06.jpg

Кратки лакирани нокти

Бидејќи не секоја девојка може да издржи со долги нокти, и маникирот со кратки нокти секогаш е во мода.

А, веројатно истото може да се каже и за 20-тите и 30-тите години од минатиот век, бидејќи и тогаш многу девојки и жени преферирале кратки нокти, лакирани со една боја.

dolgi-nokti-so-vpechatlivi-dezeni-i-ushte-8-popularni-trendovi-za-ubavina-koi-bile-hit-i-vo-minatiot-vek-07.jpg

Сјај за усни

Сјајот за усни беше ултра популарен на почетокот од 2000-тите, а потоа целосно заборавивме на него.

Но, благодарение на познатите дами и инфлуенсерките, повторно станува хит.

Сепак, овој тренд не е воопшто нов и потекнува од 70-тите.

dolgi-nokti-so-vpechatlivi-dezeni-i-ushte-8-popularni-trendovi-za-ubavina-koi-bile-hit-i-vo-minatiot-vek-08.jpg

Густи веѓи

Веќе спомнавме дека густите веѓи беа, но и уште се хит. А, и ова е тренд кој сме го „позајмиле“ од минатиот век.

Во 50-тите, Одри Хепберн и Елизабет Тејлор биле препознатливи по густите веѓи кои им давале многу природен изглед.

dolgi-nokti-so-vpechatlivi-dezeni-i-ushte-8-popularni-trendovi-za-ubavina-koi-bile-hit-i-vo-minatiot-vek-09.jpg

Боб фризура со локни

Кратката боб-фризура со локни била вистински хит во 1920-тите. Во поново време, многу познати дами повторно го свртеа интересот кон оваа фризура.

dolgi-nokti-so-vpechatlivi-dezeni-i-ushte-8-popularni-trendovi-za-ubavina-koi-bile-hit-i-vo-minatiot-vek-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg