9 популарни трендови за убавина кои биле хит и во минатиот век
Знаевте ли дека сјајот за усни бил популарен уште во 70-тите години од минатиот век?
Иако некои трендови за нас се нови, дел од нив биле популарни уште пред 20, 50, па и 100 години.
Всушност, кога ќе размислите, денес ретко ќе најдете „оригинален“ тренд и скоро сè што станува хит е инспирирано од тренд кој владеел пред многу години.
Девет популарни трендови кои биле хит уште во минатиот век:
Локни како на кукла
Оваа фризура првпат се појавила во 1920-тите, а бил вистински хит во 1940-тите. Станува збор за уредна фризура со големи локни направени со виклери.
Дита Вон Тис со години ја носи оваа фризура, а сè почесто ја гледаме и кај попознати дами, како Кети Пери.
Долги нокти со разни дезени
Долгите нокти биле популарни и во минатиот век, особено во 70-тите, заедно со шарените дезени со разни бои и форми, но се изработувале поинаку.
Потенки веѓи
Кога станува збор за веѓи, се чини дека постојано одиме во екстреми. До пред само некоја година, ултра популарни беа многу густите веѓи, но сега повторно се враќаат во мода потенките веѓи.
За среќа, не станува збор за тенките, речиси невидливи веѓи како на почетокот од 2000-тите, туку тренд кој бил популарен во 20-тите и 30-тите години од минатиот век.
Усни исцртани со потемен молив
Исцртувањето на усните со малку потемен молив повторно е хит. Овој изглед потекнува од 90-тите и визуелно ги зголемува усните.
Во овој случај, важно е да користите моливче кое е само нијанса-две потемно од карминот.