3 фризури кои најдобро им стојат на жените кои носат очила
Доколку размислувате за промена, пробајте некоја од следниве фризури кои сигурно ќе ви стојат одлично ако носите очила.
Ако носите очила за гледање и планирате да ја промените фризурата, веројатно се прашувате што ќе изгледа најдобро во комбинација со нив.
Покрај обликот на вашето лице кој одредува која фризура ќе ви стои добро, треба да ги земете предвид и вашите очила кога сакате да направите промена.
Ако ви треба инспирација, погледнете кои три фризури им стојат добро на сите девојки со очила:
Долга коса со шишки
Шишките одлично го комплетираат изгледот на очилата на вашето лице и се секогаш добар избор. Во комбинација со подолга коса, ќе изгледате уште подобро.
Кратка фризура
Ако носите очила со специфични рамки, кратката коса ќе ви стои навистина добро.
Брановидна коса
Брановидната коса има поголем волумен, со тоа создавајќи одлична рамнотежа со очилата.
Спирова С. | Црнобело