Моден трик: Како да направите „лажни шишки“ без да ја кратите косата? (видео)
Сезонава во мода се долгите „завеса“ шишки, па ви нудиме одличен трик како да бидете во тренд, а да не ја кратите косата.
Дали сте од оние што сакаат да пробаат нешто ново, но мошне тешко се одлучувате да направите крупна промена? Ова е одлична идеја како да проверите дали ви стојат шишки, без да ја кратите косата.
Исто така, овој трик ќе можете да го користите и доколку сакате да го менувате изгледот, а да не направите драстични промени со кратење на косата.
Ќе ви бидат потребни само неколку шноли и малку слободно време.
Моделката и инфлуенсерка, Сара Ангиус на својот Инстаграм профил сподели видео во кое покажува како може да добиете шишки без да посетите фризер и да ја скратите косата.
- За почеток се одвојува предниот дел од косата од кој се креираат лажните шишки.
- Тој дел убаво се чешла и се витка на половина. Тука се одредува саканата должина на шишки.
- Лажните шишки се прицврстуваат со шноли што треба да се слични со бојата на природната коса.
- Остатокот од косата се стилизира за да се скријат шнолите, а тоа може да се постигне така што косата ќе се собере во голема, несредена пунџа. На тој начин лажните шишки изгледаат пореално.
Погледнете го видео упатството:
Прочитајте и 5 фризури кои ќе бидат хит во новата 2022 година (фото)
Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com