Фото-споредби од познатите дами – зошто е важна формата на лицето за секоја фризура?
Хејли Бибер има изразена вилица, па многу подобро ѝ стои кратка брановидна коса со патец на средина, отколку кратки локни со страничен патец.
Дали ви се случило да пробате да си направите фризура како некоја позната актерка или пејачка, за на крај воопшто да не ви стои добро како и неа? Причината за ова е едноставна – имате различна форма на лицето.
Навистина е важно да ја одбирате фризурата според формата на вашето лице бидејќи она што им стои добро на девојките и жените со кружно лице, може да изгледа ужасно кај оние со издолжено лице или, на пример, поизразена вилица.
Во продолжение неколку споредби од познатите жени што одлично го прикажуваат ова:
Селена Гомез
Поради кружната форма на лицето, на познатата пејачка многу подобро ѝ стои подолга коса со подолги шишки која визуелно го издолжува лицето и ја нагласува нејзината природна убавина.
Хејли Бибер
Хејли Бибер има поизразена вилица, па многу добри ѝ стои кратка коса со „бранови“. Патецот на средина е многу подобар избор бидејќи прави лицето да изгледа малку покружно.
Хилари Свонк
За издолжено лице како на Хилари Свонк, многу добар избор се долгите локни.
Ванеса Хаџенс
Ванеса има истакнати јаболкници. Поради ова, најдобро ѝ стои долга права коса.
Оливија Вајлд
На жените со поизразена вилица добро им стојат и шишки во комбинација со долга брановидна коса.
Рис Витерспун
Лицето на познатата актерка има форма на срце. Во овој случај многу добро изгледа долгата брановидна коса со страничен патец.