„Порано бев многу послаба, но и депресивна - сега имам некој килограм плус, но се прифатив, среќна сум“

„Да, јас бев послаба на фотографијата од лево, но исто така не ми беше добро, бев депримирана, осамена, имав многу мала самодоверба, мислев дека не вредам...“, ја почнува својата исповед Нели од Лондон.

porano-bev-mnogu-pozgodna-no-i-depresivna-sega-imam-nekoj-kilogram-plus-no-se-prifativ-srekjna-sum-01.jpg

Нели од Лондон е инфлуенсерка со повеќе од 440.000 следбеници која постојано шири позитивност кон сите облици на тела на Инстаграм.

Таа вели дека лузните, текстурата на кожата, наборите се доказ дека ние всушност живееме, дишеме и сме подвижно уметничко дело, дека се всушност убави и дека се дел од нас.

Со споредба на две фотографии од себе, од кои на првата (постарата) е послаба Нели порачува:

„Од денот кога ќе научиме да го разбираме јазикот нè учат дека да се биде слаб е најдобро. Колку си послаб, толку подобро, колку помал број носиш, толку си посреќен, колку помалку место зафаќаш, толку си поприфатен.

Па, кога ненадејно ќе сфатиме дека не можеме да се држиме до тие нереалистични идеи по минување на голем дел од животот обидувајќи се да ја постигнеме таа бизарна цел, чувствуваме дека не сме успеале.

porano-bev-mnogu-pozgodna-no-i-depresivna-sega-imam-nekoj-kilogram-plus-no-se-prifativ-srekjna-sum-02.jpg

Да, јас бев послаба на фотографијата од лево, но исто така не ми беше добро, бев депримирана, осамена, имав многу мала самодоверба, мислев дека не вредам и мојот живот го контролираа неколку нарушувања во исхраната. Сега? Погледнете го моето лице. Оваа девојка е среќна!

Ова не значи дека треба да качите килограми, туку да се прифатите такви какви што сте најсреќни и да го прифатите менувањето (психичи и/или физички) и да си дозволите да се славите себеси.“

Повеќе фотки од Нели:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 н... „Не е за фалење, ама долго време немав никаква рутина за лицето, безгрижно се со...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
„Не сте грди, туку немате пари“: Инфлуенсерка открива колку троши за да изгледа совршено „Не, Џенифер Лопез не користи маслиново масло на нејзината кожа, најверојатно им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg