5 најчести грешки кои ги прават Македонките при шминкање, открива стилистот Небојша Пешевски

Грешка: Повеќеслојна закоравена маскара. Грешка: Претерано темно исцртани веѓи.

5-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-makedonkite-pri-shminkanje-otkriva-stilistot-nebojsha-peshevski-01.jpg

Небојша Пешевски години наназад работи како шминкер. Тој прави неверојатни трансформации и знае како на вистински начин да ја истакне убавината на жените.

5-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-makedonkite-pri-shminkanje-otkriva-stilistot-nebojsha-peshevski-03.jpgФото: Фејсбук Небојша Пешевски

За CRNOBELO.com тој открива кои се најчестите грешки при шминкањето кои ги прават девојките и жените во Македонија:

Ставање руменило и хајлајтер

Руменилото може симпатично да изгледа и да го даде оној убав природен младолик сјај на тенот. Голем проблем кај многу жени е што претеруваат со руменилото и тоа прави да изгледаат како „кловнови“.

Оваа грешка може да се појави во два облика.

Првото е прекумерно нанесување на руменило на јаболчниците со создавање на флеки, а друго е ставање руменило од устата, па до увото што изгледа како некоја патека за пешачење.

Овој проблем може да се реши со „блендање“ на руменилото каде што ќе ги ублажите оние нагласени пресеци.

5-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-makedonkite-pri-shminkanje-otkriva-stilistot-nebojsha-peshevski-07.jpg

Прецртување на усни

Прецртани и нагласени усни со темно моливче се честа грешка во шминкањето.

Девојките патат од комплекс на мали усни и често можеме да сретнеме девојки со прецртани усни. Уште полоша варијанта е кога станува збор за дневна шминка.

5-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-makedonkite-pri-shminkanje-otkriva-stilistot-nebojsha-peshevski-06.jpg

Темно исцртани веѓи

Темните веѓи не излегуваат од мода, но лесно може да се случи тие да бидат пренагласени.

Веѓите претставуваат рамка на вашето лице. Затоа немојте да го уништувате вашето лице самите. Претерано темни веѓи е навистина честа грешка која ја прават девојките.

Доколку имате темна коса, препорачливо е да изберете една нијанса посветла нијанса за да ги исцртате вашите веѓи.

Доколку имате светла коса доста важно е да не креирате видлива впечатлива линија. Напротив тоа треба да биде нежно, незабележително, односно само дискретно нагласено.

5-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-makedonkite-pri-shminkanje-otkriva-stilistot-nebojsha-peshevski-09.jpg

Бирање погрешна пудра

Можеме да сретнеме девојки кои сакајќи да го постигнат оној ефект на исончан тен најчесто користат пудра доста потемна од својот тен, што е навистина погрешно.

5-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-makedonkite-pri-shminkanje-otkriva-stilistot-nebojsha-peshevski-10.jpg

Ставање премногу слоеви на маскара

Ставањето на многу маскара може да изгледа навистина непријатно. Мора да кажете стоп за повеќеслојната закоравена маскара.

5-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-makedonkite-pri-shminkanje-otkriva-stilistot-nebojsha-peshevski-08.jpg

5-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-makedonkite-pri-shminkanje-otkriva-stilistot-nebojsha-peshevski-12.jpg

С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...
40 идеи за летен маникир на кратки нокти (фото) Некои девојки и жени не се љубители на долгите нокти, но тоа не значи дека не мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg