Природни начини да ги „избришете“ досадните модрици
Модриците кои настануваат при невнимателното поминување покрај масичката или аголот од било кој елемент низ дома, знаат сериозно да го уништат изгледот.
Веројатно нема човек кој не го нервираат овие модри кругови на нозете и рацете, посебно кога се направени „од глупост“, па сигурно и вие се мислите како да ги скриете следен пат кога ќе облечете нешто кратко или без ракави.
Ова се природни начини да ги избришете досадните модрици (но, не значи дека со сигурност ќе помогнат во секој случај):
Започнете со ставање на ладни облоги, односно коцки мраз замотани во крпа. Држете ги на местото околу 15 минути. Постапката повторувајте ја на секој 1 час.
Формирањето на модриците исто така зависи од нивото на железо и витамин Ц во организмот. Вклучете ги овие суплементи во исхраната.
Направете маска од сварен компир, кој ќе го излупите и испасирате. Во него ставете 1 лажица мед и промешајте со малку млака вода, додека не добиете кашеста смеса. Маската ставете ја да делува 15 минути.
Виолетовиот кромид е исто така добар за бришење на модриците. Насечкајте малку кромид, ставете го во газа и нежно тријте го местото.
Истата постапка може да ја направите и со насечкан магдонос.
Облоги може да ставате и од кругови ладен домат, кои ќе ги држите на модрото место околу 30 минути.
Помешајте оцет и вода во размер 50:50 и лесно втријте ја течноста на местото. Мешавината ја поттикнува циркулацијата.
М. Д. | Црнобело