Софи (27) храбро ја носи седата коса: „Првото бело влакно ми порасна на 13 години, ги кубев – но залудно“

Софи од Нов Зеланд открива дека како што си ги кубела белите влакна на 13 години, така тие повеќе почнувале да растат, но кога имала 25 години решила да си ја прифати седата коса и да престане да се фарба. 

sofi-27-hrabro-ja-nosi-sedata-kosa-prvoto-belo-vlakno-mi-porasna-na-13-godini-gi-kubev-no-zaludno-01.jpg

Софи Мекграт која сега има 27 години, вели дека првото седо влакно на косата си го видела на 13 години. Го искубала со пинцета и воопшто не ѝ било грижа, но вели дека по ова седите влакна почнале да растат сè повеќе и побрзо.

„Продолжив да ги кубам седите влакна во периодот од следните неколку години, а на возраст од 15 години почнав да ја фарбам косата“ – вели Софи за Daily Mail Australia.

Ispoved-na-zena(27)-so-seda-kosa-prvoto-sedo-vlakno-go-dobiv-na-13-godini-i-go-iskubav-02.jpg

Софи ја фарбала косата секој месец во период од 10 години, сè додека на возраст од 25 години не одлучила во целост да ја прифати седата коса таква каква што е.

„Никогаш и не помислив дека може да ја оставам природната боја на косата, но можеби тоа е така затоа што бев премногу млада“ – вели таа.

Ispoved-na-zena(27)-so-seda-kosa-prvoto-sedo-vlakno-go-dobiv-na-13-godini-i-go-iskubav-03.jpg

Додава дека нејзината самодоверба била мошне падната заради косата затоа што се чувствувала дека мора постојано нешто да крие.

„Фарбањето на косата се претвори во нешто на што мислев постојано. Сфатив дека тоа што се чувствував како постојано да треба да ги покријам седите влакна ми создаваше повеќе стрес од самата седа коса.

Никогаш не се чувствував посигурно за тоа како изгледам отколку сега кога белата коса ми се гледа во целост“ – вели таа и додава дека откако престанала да се фарба чувствува како нејзината коса е поздрава, помека и поблескава од порано.

Ispoved-na-zena(27)-so-seda-kosa-prvoto-sedo-vlakno-go-dobiv-na-13-godini-i-go-iskubav-04.jpg

Вели дека била инспирирана да ја остави седата коса откако видела жена на Инстаграм како ја прифаќа седата коса на 30 години.

„Сфатив дека слично како и другите луѓе што ја прифаќаа нивната седа коса и јас не се срамев од моите бели влакна. Тоа што отстапив од вообичаеното ми даде самодоверба да го направам и во другите области од животот и навистина сум среќна што го направив тој чекор“ – вели таа.

Ispoved-na-zena(27)-so-seda-kosa-prvoto-sedo-vlakno-go-dobiv-na-13-godini-i-go-iskubav-05.jpg

Што се однесува до причините за прераното појавување на седите влакна, таа напомнува дека кај неа за седата коса е заслужна и генетиката, затоа што нејзините родители и двајцата имале седи коси на возраст од 40-тина години, но, тие не биле во толкава мерка седи како што била таа.

„Можеби таа комбинација од гени значеше дела ми било предодредено да ми обели косата додека бев млада. Мајка ми исто така престана да се фарба кога беше во средните 40-ти години и ја прифати седата коса“ – вели Софи.

Ispoved-na-zena(27)-so-seda-kosa-prvoto-sedo-vlakno-go-dobiv-na-13-godini-i-go-iskubav-06.jpg

Инаку, одлуката на Софи да ја остави природната боја на косата дошла околу една година пред да стапи во брак со нејзиниот партнер. На фотографиите од нејзината свадба можеме да ја видиме Софи со доста израснат корен и обоени врвови.

Ispoved-na-zena(27)-so-seda-kosa-prvoto-sedo-vlakno-go-dobiv-na-13-godini-i-go-iskubav-07.jpg

Ispoved-na-zena(27)-so-seda-kosa-prvoto-sedo-vlakno-go-dobiv-na-13-godini-i-go-iskubav-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg