Фризури од минатото што ги гледавме со потсмев, но сега повторно се хит
Модата и трендовите се навистина неверојатно нешто. Кога ќе сфатиме дека некое парче облека е хит, веднаш почнува да ни се допаѓа, дури и ако претходно сме им се потсмевале на оние што го носеле.
Ова важи не само за облека, туку и за шминка, фризури, накит, маникир…
уште поинтересно е што се чини дека во последно време не гледаме ништо оригинално, туку за сите трендови црпиме инспирација од минатото. Одличен пример за ова се фризурите што некогаш биле хит и до неодамна сите им се смеевме, а сега почнуваат да ни се допаѓаат.
Погледнете 8 фризури од минатото на кои им се смеевме, а сега се хит:
„Мулет“
Оваа фризура беше синоним за лош вкус и сите барем еднаш сме се смееле на стари фотки од луѓе со оваа фризура. Но сега сè повеќе славни ја носат, па полека станува хит и кај нас, „обичните“ луѓе.
Високо и стегнато опавче
Оваа фризура од 90-тите неретко беше нарекувана и детска, но Аријана Гранде успеа да ја врати во мода.
„Тостерки“
На почетокот на 2000-тите сите сонувавме за пегла за коса, кој има и преса за таканаречените тостерки. Потоа со години се смеевме на тоа колку „евтино“ изгледа, но сега повторно станува хит помеѓу трендсетерките.
Фризури со огромни еластични стегачи
До пред некоја година овие стегачи ги носевме само по дома и не се ни осудувавме да правиме фризура со нив. Сега, пак, речиси и да нема девојка без ваков стегач.
Пикси фризура
Во последните деценија-две од минатиот век, пикси фризурата беше вистински хит и ја носеа многу славни жени. Потоа долго време повеќето девојки и жени ја избегнуваа толку кратката коса. Но сега, кого на скоро сите поважна им е удобноста, пикси фризурата која не бара речиси никаква нега повторно стана тренд.
Многу кратки шишки
Последниве неколку години, само девојките со најсмел стил се осудуваа да си направат многу кратки шишки. Но, сè повеќе девојки и жени ја пробуваат оваа фризура која навистина изгледа многу добро.
Краток боб
Боб фризурата со должина до рамената е секогаш „ин“, но многу краткиот боб беше заборавен скоро две децении. И оваа фризура ни изгледаше малку детинесто, но помодерните варијации изгледаат мошне добро.
Ситни плетенки
На почетокот на 21-виот век, косата исплетена во ситни плетенки беше навистина модерна, но одеднаш сите го изгубија интересот за оваа фризура. Единствено можевме да ја видиме кај мали девојчиња. Сега, ситните плетенки повторно стануваат хит, особено ако се направени со конец, метални алки и други украси.
Спирова С. | Црнобело