Како парфемот да ви трае подолго во топлите летни денови?

Во лето, кога температурите се високи, парфемите испаруваат побрзо, па дури и да сте платиле мало богатство за нив, по час-два нивниот мирис може да „исчезне“.

ekspert-otkriva-kako-parfemot-da-vi-trae-podolgo-vo-toplite-letni-denovi-01.jpg

За среќа, има решение и за овој проблем. Елизабет Ричардс е експерт за парфеми, а за Daily Mail сподели неколку совети со кои вашиот парфем ќе трае подолго дури и во лето.

Погледнете што вели Елизабет на оваа тема:

Прво ставете лосион за тело

Елизабет вели дека ако сакате парфемот да ви трае подолго, треба да лосион со ист мирис. Прво нанесете го лосионот, а потоа врз него ставете од парфемот.

Според Елизабет, ова е таканаречено слоевито нанесување на парфемот, а освен лосион, можете да правите комбинации и со гел за туширање и слично, дури и со различни мириси.

„Секој парфем си има разни карактеристики, а кога ќе направите комбинација од повеќе мириси ќе создаде ваша лична арома. Аромите како нане, босилек, портокал и цитрусни овошја се синоним за летото, па се совршени за да ги комбинирате и да ги нанесувате слоевито“.

ekspert-otkriva-kako-parfemot-da-vi-trae-podolgo-vo-toplite-letni-denovi-02.jpg

Нанесете го парфемот на повеќе места

Ако го нанесете парфемот на повеќе делови од телото, како лакти, стомак и зглобови, тој ќе трае подолго во летните денови.

„Во лето, поради топлината, парфемот испарува побрзо, па препорачувам да го нанесете на лактите, зад колената, па дури и на стомакот. На овој начин ќе трае подолго бидејќи овие делови од телото не се многу изложени на сонце“.

Елизабет вели дека слободно можете да го нанесете парфемот и на косата:

„Откако ќе ја измиете косата, додека е влажна, нанесете од парфемот на врвовите“.

ekspert-otkriva-kako-parfemot-da-vi-trae-podolgo-vo-toplite-letni-denovi-03.jpg

Чувајте го парфемот во фрижидер

Елизабет препорачува да го чувате парфемот на суво и студено место, па дури и во фрижидерот. На овој начин ќе му го продолжите рокот на траење.

ekspert-otkriva-kako-parfemot-da-vi-trae-podolgo-vo-toplite-letni-denovi-04.jpg

Хидрирајте ја кожата

Ако сакате парфемот да трае подолго, не ја заборавајте хидратацијата на кожата.

„Туширањето ја хидрира кожата, а кога ќе нанесете и лосион за тело, создавате одлична основа за вашиот парфем“.

ekspert-otkriva-kako-parfemot-da-vi-trae-podolgo-vo-toplite-letni-denovi-05.jpg

Немојте да ги триете зглобовите откако ќе ставите парфем

Поради некоја причина, скоро сите настојуваме да ги истриеме зглобовите еден од друг откако ќе ставиме парфем. Но, со триењето се создава топлина, па парфемот може да испари побрзо. Истовремено, Елизабет вели дека ова триење може да ја промени аромата.

„Триењето и топлината можат да влијаат врз нотите на парфемот и да го променат мирисот. Исто така, со триењето парфемот ќе се измеша со природните масла од вашата кожа, а и ова може да влијае врз мирисот. Што значи, најдобро е само да го нанесете парфемот и да го оставите да се впие во кожата“.

ekspert-otkriva-kako-parfemot-da-vi-trae-podolgo-vo-toplite-letni-denovi-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg