Исцртани веѓи и уште 11 застарени трендови за шминкање кои е време да ги замените со нови

„Зачадени“ очи со многу темна сенка

Ако не сте многу вешти во шминкањето, избегнувајте ги црните сенки кога сакате зачадени очи. Темните сенки можат визуелно да ви ги намалат очите, а доволно е да направите една мала грешка за шминката да изгледа размачкано. Наместо тоа, употребувајте сенки со поприродни и топли нијанси.

zastareni-trendovi-za-shminkanje-koi-e-vreme-da-gi-zamenite-so-novi-09.jpg

Туш за очи

Тушот секогаш ќе биде хит, но избегнувајте да цртате дебели и предолги линии, фокусирајте се на понежни, не толку обоени очи.

zastareni-trendovi-za-shminkanje-koi-e-vreme-da-gi-zamenite-so-novi-10.jpg

Всушност, има многу простор за експериментирање кога станува збор за ајлајенрот – користете поживи бои, наместо горниот исцртајте го долниот капак, експериментирајте со формата на линијата и слично.

zastareni-trendovi-za-shminkanje-koi-e-vreme-da-gi-zamenite-so-novi-11.jpg

Бронзер под јаболкниците

Избегнувајте да нанесувате темен бронзер или руменило под јаболкниците, особено ако не сте вешти во контурирањето. Ќе изгледате многу подобро ако нанесете нежно руменило или бронзер на јаболкниците.

zastareni-trendovi-za-shminkanje-koi-e-vreme-da-gi-zamenite-so-novi-12.jpg

Многу светли кармини

Никогаш нема да погрешите со неутрален кармин, но внимавајте да не биде посветол од бојата на вашата кожа. Премногу светлиот кармин ќе направи вашите усни да изгледаат „безживотно“, па секогаш одбирајте нијанса што е барем малку потемна од вашата кожа.

zastareni-trendovi-za-shminkanje-koi-e-vreme-da-gi-zamenite-so-novi-13.jpg

Вештачки трепки

Ако сакате бујни трепки, немојте да ставате огромни вештачки трепки. Сосема доволно е да искористите виткач за трепки и да нанесете малку маскара. Ако сепак сакате вештачки трепки, одберете некои кои изгледаат поприродно.

zastareni-trendovi-za-shminkanje-koi-e-vreme-da-gi-zamenite-so-novi-14.jpg

Тетовирани/цртани веѓи

Освен ако навистина имате потреба да ги тетовирате веѓите, најдобро избегнувајте го овој тренд. Тетовираните веѓи не изгледаат природно, а со текот на времето нивната боја ќе избледи и ќе добијат сосема друга нијанса. Ако вашите веѓи се ретки, искористете малку сенка или моливче за да ги пополните и ќе изгледате многу подобро.

Сепак, доколку сепак се одлучите за тоа, денес има многу нови техники, па обидете се да најдете професионалец кој ќе ви помогне тоа да не изгледа смешно на вас.

zastareni-trendovi-za-shminkanje-koi-e-vreme-da-gi-zamenite-so-novi-15.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg