Исцртани веѓи и уште 11 застарени трендови за шминкање кои е време да ги замените со нови
Постојано се појавува некој нов тренд за шминкање, а некои од нив стануваат толкав хит, што ги следиме со години. Сепак, со текот на времето сфаќаме дека некои техники за шминкање воопшто не изгледаат добро.
Бидејќи во последно време сè попопуларен е природниот изглед, и трендовите за шминкање се движат во таа насока.
Па, додека пред некоја година контурирањето и исцртаните веѓи беа најголем хит, сега е најдобро да ги избегнувате темните бронзери и веѓите кои изгледаат неприродно.
Погледнете кои застарени трендови за шминкање е време да ги замените со нови:
Бел креон на долниот капак
Овој тренд беше популарен бидејќи наводно визуелно го зголемува окото. Сепак, белиот креон се познава многу и ретко кога ќе успеете да го добиете посакуваниот ефект.
За визуелно да ги зголемите очите, многу подобро е да искористите беж креон на долниот пак.
Јасно дефинирани веѓи
Густите и бујни веѓи уште се хит, но нема потреба да ги дефинирате со многу темна сенка или креон. Ќе изгледате многу подобро со што е можно поприродни веѓи.
Доволно е само да ги отстраните влакненцата што штрчат и малку да ги скратите.
Бела сенка на внатрешниот агол на окото
Ова е уште еден тренд за кој се верува дека визуелно ги зголемува очите. Слично како со белиот креон, и белата сенка се познава многу и изгледа неприродно, па многу подобро е да искористите сенка со неутрална боја, малку послична на вашата кожа.
Контрастни бои за сенка и кармин
Вашето лице ќе изгледа поубаво и поприродно ако сенката и карминот се со слична нијанса. Ако сакате да нагласите еден дел од лицето, на пример очите, нанесете потемна сенка, а карминот нека биде со слична, но посветла нијанса или со неутрална боја.
Исцртани и контурирани усни
Иако овој тренд беше вистински хит, факт е дека изгледа неприродно. За поприроден изглед нанесете само кармин, а ако користите и моливче, нека биде со иста боја како карминот.
Нанесување многу хајлајтер
Хајлајтерот е одличен начин да ги нагласите карактеристиките на лицето, но важно е да не претерате. Во спротивно вашето лице ќе сјае и ќе изгледа како да е многу мрсно. Сосема доволно е да нанесете малку хајлајтер на јаболкниците и врвот на носот.