10 лоши навики поради кои вашата коса станува поретка
Ја миете косата со многу жешка вода
Жешката вода ги суши и кожата и косата, а ако користите шампон за мрсна коса кој ги отстранува мастите од скалпот, дополнително ќе ја влошите ситуацијата. Нормално, и ова има влијание врз растот на косата и нејзината густина.
Затоа, најдобро е да ја миете косата со топла, а не жешка вода и доколку можете да издржите, исплакнете го шампонот со студена вода.
Често ја чешате главата
Со чешањето ја оштетувате кожата на главата, заедно со фоликулите и ова може да ви ја проретчи косата. Ако постојано ве чеша главата, најдобро е да се консултирате со лекар за ја откриете причината. А, кога ќе почувствувате чешање, немојте да ги користите ноктите, туку нежно измасирајте ја главата.
Често ја обликувате косата со топлина
Aпаратите за обликување со топлина ја сушат косата и ја прават кршлива. Поради ова, најдобро е да не ја обликувате косата со топлина повеќе од 2-3 пати неделно, а секојпат кога ќе го правите тоа, нанесувајте средство за заштита од топлина. Истовремено, подобро е да користите фен и четка отколку пегла, бидејќи фенот ја загрева косата на пониска температура.
Постојано си играте со косата
Ако постојано ја допирате косата, ќе ја извалкате побрзо. Ако, пак, имате навика да ја влечете, со текот на времето ќе ги ослабите фоликулите.
Доколку не можете да се ослободите од оваа навика, со вас секогаш имајте предмет кој ќе ви ги држи рацете зафатени, како „фиџет спинер“ или нешто слично.
Ја чешлате косата додека е мокра
Кога е мокра, косата е многу покршлива, па ако ја чешлате тогаш, ќе ја оштетите. Можеби и самите сте забележале дека кога ја чешлате косата мокра, на четката секогаш има повеќе влакна од вообичаено.
Најдобро е да ја расчешлате косата пред да ја миете и дури откако ќе се исуши исчешлајте ја уште еднаш.
Спирова С. | Црнобело