10 лоши навики поради кои вашата коса станува поретка

Ако вашата коса станува поретка, а притоа немате некој здравствен проблем, најчесто причината е некоја лоша навика, како нередовно миење или преголема изложеност на сонце.

nepravilna-ishrana-stegnati-frizuri-nekolku-prichini-zoshto-vashata-kosa-stanuva-poretka-01.jpg

Паѓањето на влакната на главата е нормално и секојдневно губиме од 50 до 100 влакна. Но ако сте забележале дека во еден ден ви паѓа многу повеќе коса, нормално дека ќе бидете загрижени.

Важно е да знаете дека во повеќето случаи нема потреба да паничите, бидејќи причината е само некоја ваша лоша навика со која ја сушите косата и ја правите покршлива.

Но, ако забележите дека ви паѓаат по цели прамени, а притоа чувствувате и други непријатни симптоми, најдобро е да се консултирате со лекар.

Погледнете ги 10-те лоши навики со кои си ја проретчувате косата:

Лоша исхрана

Јасно е дека начинот на исхрана влијае врз скоро секој дел и процес во нашето тело, вклучувајќи ја и косата. Некогаш, неправилната исхрана со која не ги внесувате најважните хранливи материи може да предизвика проретчување на косата. Покрај тоа, паѓањето на косата е еден од најчестите симптоми за анорексија и слични нарушувања на исхраната, па ако забележувате и други предупредувачки знаци, консултирајте се со лекар.

Ако не станува збор за здравствен проблем, пробајте да внесувате храна богата со корисни хранливи материи, особено протеини – генерално, влакната на косата се составени од протеини, односно кератин.

nepravilna-ishrana-stegnati-frizuri-nekolku-prichini-zoshto-vashata-kosa-stanuva-poretka-02.jpg

Преголема изложеност на сонце

Сонцето не ја оштетува само кожата, туку може да има негативно влијание и врз вашата коса. Ако често сте изложени на директна сончева светлина, а притоа не ја заштитувате главата, вашата коса ќе стане посува и покршлива. Сончевите зраци ќе го исушат и скалпот и ќе го намалат квалитетот на влакната, особено ако имате поретка коса.

За да го избегнете ова, секогаш заштитувајте ја главата со капа, шешир, марама или што било, кога треба да поминете повеќе време на директна сончева светлина.

nepravilna-ishrana-stegnati-frizuri-nekolku-prichini-zoshto-vashata-kosa-stanuva-poretka-03.jpg

Носите многу стегнати фризури

Ако постојано ја носите косата цврсто собрана во опавче, кога тогаш ќе ги почувствувате негативните ефекти. Сигурно и самите сте забележале дека се појавува главоболка ако долго ја носите косата собрана во опавче. Со оваа и сличните фризури премногу ја затегнувате косата и неретко, влакната почнуваат да паѓаат.

Ова не значи дека треба да се откажете од ваквите фризури туку, кога сте во можност, носете ја косата пуштена.

nepravilna-ishrana-stegnati-frizuri-nekolku-prichini-zoshto-vashata-kosa-stanuva-poretka-04.jpg

Нередовно миење

Нечистотиите и мастите што ги лачи кожата на главата лесно се акумулираат и можат да ги затнат фоликулите и со тоа да го забават растот на косата. Покрај тоа, кога косата е мрсна, таа изгледа безживотно и поретко.

Затоа, осигурете се дека ќе ја измиете косата барем еднаш неделно.

nepravilna-ishrana-stegnati-frizuri-nekolku-prichini-zoshto-vashata-kosa-stanuva-poretka-05.jpg

Заборавате да одите на фризер

Дури и ако сакате да ја пораснете косата, мора да одите на фризер на секој месец-два. Со текот на времето врвовите на влакната пукаат и се кинат, па треба редовно да ги потстрижувате.

Во спротивно, косата ќе се заплеткува и секојпат кога ќе ја чешлате ќе ги кинете влакната и сами ќе ја проретчите.

nepravilna-ishrana-stegnati-frizuri-nekolku-prichini-zoshto-vashata-kosa-stanuva-poretka-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Фризури од кои ќе изгледате постаро по 40-тата година (и треба да ги избегнувате) Многу жени цел живот носат една иста фризура... Но, ова е голема грешка, особено...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg