Тренд фризури за 2021 година кои сосема ќе ги срушат досегашните бариери

2021 година веќе сигурно чекори кон своите остварувања, а со неа движат и новите, возбудливи трендови на кои можеме да се радуваме.

Trend-frizuri-za-2021-godina-koi-sosema-kje-gi-srushat-dosegashnite-barieri 01 630x330.jpg

Да бидеме искрени: 2020-та со сигурност не беше година каде што во примарен план беа следењето на модните новитети и експериментирањето на различни фризури.

Фризерските салони беа затворени. Настаните откажани. За жал, пандемијата продолжи. Сепак, повеќето од нас научивме една нова, животна лекција –  како да уживаме во малите моменти.

Сфативме дека сепак, во еден навидум обичен ден, добрата фризура барем за миг може да ни го разубави денот и да ни го промени расположението.

Новопристигнатата година со себе носи нови фризерски трендови, затоа во продолжение за вас ги издвоивме 10-те тренд фризури за 2021 година кои сосема ќе ги срушат досегашните бариери:

1. Природната коса и изглед – тренд број 1 за 2021 година

Заборавете на секојдневното, напорно стилизирање и совршениот изглед на вашата коса.

2021 претставува предвидување за таканареченото клонирање на 90-те години, каде што тотална доминација зазема природниот раскош.

Trend-frizuri-za-2021-godina-koi-sosema-kje-gi-srushat-dosegashnite-barieri 02 630x400.jpg

2. Класичната панделка за коса останува тотален хит

Не сите трендови за коса треба да бидат комплицирани. Ако сакате да изгледате модерно, а сепак лежерно, тогаш класичната панделка за коса претставува вистински трик.

Веројатно овие панделки ќе ве присетат на деновите кога сте биле помлади, но несомнено тие претставуваат едни од најпопуларните модни додатоци за 2021 година.

Trend-frizuri-za-2021-godina-koi-sosema-kje-gi-srushat-dosegashnite-barieri 03 630x400.jpg

3. Африканските „Банту јазли“ кадрици ќе го освојат светот

И повторно, фризура која ја истакнува природната текстура и слободните движења на вашата коса.

Стилот на „Банту јазли“ кадриците не е воопшто нов на „пазарот“, но се смета дека во 2021 година, оваа фризура ќе биде забавен, едноставен и популарен начин на стилизирање на косата.

Trend-frizuri-za-2021-godina-koi-sosema-kje-gi-srushat-dosegashnite-barieri 04 630x400.jpg

4. Нежните бисери – додаток кој ќе ве освои

Низ последните години бисерите се вистински тренд, како на Интернет и во модните списанија, така и на улиците.

Очигледно, бисерниот накит отсекогаш бил зачудувачки, но додавањето на бисери во вид на шноли е вистинскиот пат до нежната модна комбинација.

Trend-frizuri-za-2021-godina-koi-sosema-kje-gi-srushat-dosegashnite-barieri 05 630x400.jpg

5. „Да“ за шишките, во буквално секаква форма!

Еден од најголемите трендови на коса што веќе наголемо преовладува во 2021 година се секако, шишките.

Густи или ретки, разбранети или прави, тие секако се вистинскиот потег кој ќе ја совлада монотонијата на вашиот изглед.

Затоа, не двоумете се.

Trend-frizuri-za-2021-godina-koi-sosema-kje-gi-srushat-dosegashnite-barieri 06 630x400.jpg

Уште 5 трендови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg