Тренд фризури за 2021 година кои сосема ќе ги срушат досегашните бариери
6. Здравата коса – поважна од кога било
Додека самогрижата се искачи на пиедесталот во 2020 година, 2021-та ќе биде запаметена по грижата на вашата коса.
Здравата коса ќе биде од огромно значење, така што заборавете на испуканите врвови со цел таа да биде што подолга. Напротив, секогаш тежнејте таа да изгледа свежо и блескаво. Освен кратењето, остатокот од негата го можете и сами.
7. Плетенките ќе бидат одлична идеја
Без оглед на тоа колку години имате, плетенките се забавен начин да се збогувате со здодевната фризура и постојано да експериментирате.
На крајот на краиштата, постојат толку многу различни видови на плетенки, така што со малку експериментирање, секогаш може да изгледате поинаку од претходно.
8. Уникатните венчиња за коса брилираат и во 2021 година
Украсени со бисери, камчиња и разни детали - или пак едноставни и еднобојни, венчињата за коса преовладуваат и во 2021-та година.
По повеќето безуспешни обиди, вашата коса изгледа лошо? Ставете венче и создадете магија.
9. Негувајте го „ретро“ изгледот
Носталгијата ќе биде главен двигател за многу трендови во 2021 година, што во превод би значело: за што и да се одлучите, нема да погрешите.
10. Разнобојни перики кои ја „убиваат“ здодевноста - за најхрабрите
Добро знаеме колку бојадисувањето на косата може да ја оштети нашата коса, особено кога почесто експериментираме.
Наместо тоа, одлучете се за „шик“ перика која покрај екстравагантниот стил, сосема ќе ја заштити вашата природна коса. Секако, ова не е баш за секој ден, само кога сте расположени да експериментирате.
Мила М. | Црнобело