5 женски парфеми совршени за пролет 2021 (фото)
Доаѓањето на пролетта само по себе подразбира понежни, женствени и деликатни мирисни ноти во кои сакаме да „потонеме“ како во некое слатко, парфемно облаче.
Ова се петте женски парфеми совршени за пролет 2021:
Lancôme Idôle L’Intense Eau de Parfum
Оригиналната роза и јасминот на примарната верзија на Idôle се продлабочени со топлината и сензуалноста на кремаста ванила и прашкаст мошус.
Marc Jacobs Daisy Spring Eau de Toilette
Според многумина, овој парфем на Marc Jacobs е совршен за пролетната сезона, а содржи зелен кардамом, пупки од рози и розово дрво, што ќе ве натера да помислите дека сте покрај некое цветно поле.
Miss Dior Rose N’Roses Eau de Toilette Roller-Pearl
Секој што ја сака „мешавината“ на Miss Dior Rose N’Roses со роза, бергамот и бел мошус, ќе го цени новото, практично пакување на ролерот.
Chanel Coco Mademoiselle L’Eau Privée Eau Pour la Nuit
Pour la Nuit значи „За ноќ“, а верзијата L’Eau Privée на Шанел Коко Мадмозел е наменета токму за пролетните вечери. Содржи апсолутен јасмин и ливчиња од роза за да го воздигнат прекрасниот мирис на мошус.
Jimmy Choo I Want Choo Eau de Parfum
Црвен крин и јасмин ја сочинуваат срцевината на овој флертувачки мирис, а нотите на мандарина и праска додаваат магнетизам без дополнителна тежина. Ванилата во основата дава навестување на слатко самоограничување.
(О)Милена | Црнобело