Холивудската убавица што си го упропасти лицето со пластични операции: „Тоа беше најглупавата работа што ја направив“
Некогашната неверојатна природна убавица, наместо да си дозволи да старее достоинствено, сакаше да го спречи процесот и си го изобличи лицето. Дури и Доналд Трамп по Оскарите во 2014 година прокоментира дека Ким треба да го тужи пластичниот хирург за тоа што ѝ го направил на лицето.
Aктерката Ким Новак (88) во интервју отворено кажа дека пластичните операции и вбризгувањето на инјекции со масти во лицето се најглупавата работа што ја направила во животот.
Некогашната неверојатна природна убавица и ѕвезда од филмот „Vertigo“ од 1958 година, наместо да си дозволи да старее достоинствено, сакаше да го спречи процесот и си го изобличи лицето.
Уште кога во 2014 година Новак се појави на 86-тото издание на Оскарите таа остави ужасен впечаток со својот изглед.
Многу нејзини фанови на социјалните мрежи ја покажаа својата разочараност, а дури и сега веќе поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, прокоментира дека Ким треба да го тужи пластичниот хирург.
Новак искрено призна дека чувствувала несигурност околу својот изглед, па затоа се одлучила на вакви зафати.
„Знаете кога се чувствувате несигурно и мислите дека некој може да ви помогне?“, изјави таа и откри дека нејзиното и онака заоблено лице уште толку било наполнето со инјекции со масти што изгледала комплетно поинаку.
Актерката вели дека тие онлајн критики за нејзиното лице ја направиле толку ранлива што одлучила да се пензионира порано затоа што сѐ си ставала на срце.