Фризури од 90-тите за кои се смеевме, но полека повторно се враќаат во мода

Изгледа дека во изреката „Модата секогаш се враќа“ има многу вистина, а тоа го докажуваат и фризурите од минатото, кои повторно ги носиме и денес.

frizuri-od-90-tite-na-koi-se-smeevme-no-sega-povtorno-stanuvaat-hit-01.jpg

Модните трендови постојано се менуваат и она што било хит минатата година, сега може да ни изгледа смешно. Многу често, пак, трендовите од минатото за кои сме се смееле најмногу, поради некоја причина, сега ни се омилени.

Истото важи и за облека, и за шминка, но и за фризури.

Постојат многу фризури од 90-тите на кои до неодамна гледавме со потсмев, но денес ги пробуваат сè повеќе и повеќе девојки. Обично фризурите од минатото претрпуваат мали промени – како поприроден изглед – но генерално се истите.

Па, погледнете ги фризурите од 90-тите на кои се смеевме, а сега повторно стануваат хит (секако зависно од стилот):

Собрана тапирана коса + шишки

Оваа фризура, за која е потребно многу лак за коса, беше еден од најголемите трендови во 90-тите. Денес повторно се враќа во мода, но во малку „поприродна“ варијанта, односно со помал волумен и помалку лак за коса.

frizuri-od-90-tite-na-koi-se-smeevme-no-sega-povtorno-stanuvaat-hit-02.jpg

Пунџа од плетенка

Пунџата од плетенка е лесна за правење, а изгледа навистина добро, па не е ни чудно што оваа фризура ја гледаме и денес.

frizuri-od-90-tite-na-koi-se-smeevme-no-sega-povtorno-stanuvaat-hit-03.jpg

Две мали пунџи

Пред година-две, речиси и да немаше инфлуенсерка или модна блогерка што не ја проба оваа фризура. За разлика од 90-тите, сега е важно пунџите да имаат поголем волумен, а неретко шишките или предните прамени се оставаат пуштени.

frizuri-od-90-tite-za-koi-se-smeevme-no-poleka-povtorno-se-vrakjaat-vo-moda.jpg

Цветови

Украсите за коса се секогаш популарни, а сега венчињата од цветови најчесто се додаваат на пуштена коса, или коса собрана во лежерна плетенка.

frizuri-od-90-tite-na-koi-se-smeevme-no-sega-povtorno-stanuvaat-hit-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg