Филери vs. природен изглед: Познати дами кои се врснички, a стареат на различен начин
Никол Кидман (53) е позната како фанатик за пластични операции, па и покрај критките таа не сопира, а од друга страна нејзината врсничка Џулија Робертс е неверојатна природна убавица која старее достоинствено.
Некои познати ѕвезди избираат да стареат природно и достоинствено, додека други пробуваат на секој можен начин да го сопрат времето со помош на пластични операции и филери, бидејќи едноставно тоа ги прави среќни, па не може да им судиме доколку е во граница на нормала.
Споредби на познати дами кои се на иста возраст, навлечени на филери и операции vs. природни дами:
Меган Фокс и Емилија Кларк – 34 години
Пред неколку години Меган Фокс го започна својот пат на трансформации и постојано става инјекции за одржување на младешкиот изглед на лицето.
Кристина Агилера и Бритни Спирс – 39 години
И покрај семејните трагедии за кои многумина велат дека ѝ се отсликуваат на ликот, Бритни сака да старее достоинствено, додека Агилера е опседната со изглед на восочна кукла.
Никол Кидман и Џулија Робертс – 53 години
Никол Кидман е позната како фанатик за пластични операции и и покрај критките таа не сопира.
Кортни Кокс и Моника Белучи – 56 години
Кортни Кокс претера со филерите и нејзиното лице изгледа вештачки.
Крис Џенер и Вупи Голдберг – 65 години
Крис Џенер изгледа помладо од годините поради многуте операции и филери, но сепак во таа доба од животот брчките носат своја убавина и говорат за нас.
Доли Партон и Дајан Китон – 74 години
Неверојатно е што овие дами имаат 74 години. Тие изгледаат прекрасно, но дефинитивно се восхитуваме на изборот за стареење на природен начин како Дајан.
С. С. | Црнобело