Зошто третманот за лице со пареа треба да стане дел од вашата рутина?

Постојат безброј фактори што придонесуваат за појава на проблеми со кожата – начинот на исхрана, хормонална нерамнотежа, но и надворешните влијанија како сонце и загаден воздух.

zoshto-tretmanot-za-lice-so-parea-treba-da-stane-del-od-vashata-rutina-01.jpg

Ако имате проблематична кожа, досега сигурно сте пробале безброј продукти и третмани. А, голема е веројатноста да сте слушнале и за третманот за лице со пареа.

Изгледа дека овој едноставен и евтин третман, што можете да го направите и дома, е одличен за чистење и смирување на кожата на лицето.

Во продолжение, пак, погледнете неколку причини зошто да му дадете шанса:

Отстранување на нечистотиите и продуктите од кожата на лицето

Покрај мастите што ги лачи самата кожа, на вашето лице има остатоци од продуктите што ги користите, како креми и шминка, но и честички од загадениот воздух.

Третманот со пареа е одличен начин да ги отстраните сите овие нечистотии од лицето.

Отстранување бактерии и мртви клетки кои можат да бидат причина за акни

Бидејќи кожата постојано се регенерира, на неа остануваат и многу мртви кожни клетки. Истовремено, на лицето се наоѓаат и многу бактерии, кои можат да бидат причина за појава на акни.

Третманот со пареа ќе ви помогне да ги отстраните и нив.

zoshto-tretmanot-za-lice-so-parea-treba-da-stane-del-od-vashata-rutina-02.jpg

Повеќе кислород за лицето

Со овој третман се прошируваат крвните садови, а со тоа кожата се снабдува со повеќе кислород. Затоа и лицето изгледа малку поцрвено откако ќе се тргнете од пареата.

Сепак, ако забележите премногу црвенило за време на третманот, најдобро би било да не го практикувате поради можна иритација на кожата.

Намалена појава на брчки

Ако не сакате да купувате скапи продукти против брчки, тогаш третманот со пареа може да биде одлична алтернатива.

Бидејќи третманот ја подобрува циркулацијата, го поттикнува и лачењето на колаген и еластин, кои ја прават кожата поеластична и ја намалуваат видливоста на брчките.

zoshto-tretmanot-za-lice-so-parea-treba-da-stane-del-od-vashata-rutina-03.jpg

Природна хидратација на кожата на лицето

Третманот со пареа ја хидрира кожата, па е одличен ако имате проблем со премногу сува кожа.

Подобро апсорбирање на продуктите за нега на кожа

Бидејќи третманот со пареа темелно го чисти вашето лице, кожата подобро ќе ги апсорбира кремите и другите продукти што ќе ги нанесете на неа.

zoshto-tretmanot-za-lice-so-parea-treba-da-stane-del-od-vashata-rutina-04.jpg

Можеби само третманот со пареа не е доволно за да имате совршена кожа, но дефинитивно би требало да биде важен дел од вашата рутина.

Сепак, како што напоменавме, ако забележите црвенило или каква било иритација, најдобро најдете друг третман.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg