Зошто е подобро да се туширате со студена вода?

Ако досега го избегнувавте туширањето со ладна вода, можеби овие придобивки ќе ве натераат да го промените тоа.

zoshto-e-podobro-da-se-tushirate-so-studena-voda-01.jpg

Туширањето со ладна вода, особено во зима, може да биде навистина непријатно - никој не сака да се тресе од студ дури се тушира, и потоа дури да се исуши и облече, но во лето ќе ви биде добредојдено.

Туширањето со студена вода има неколку придобивки, што сигурно не сакате да ги испуштите.

Погледнете зошто почесто да се туширате со студена вода:

Ендорфини

Студената вода предизвикува шок на организмот, па во истиот момент почнува да се лачи адреналин. За да воспостави рамнотежа, организмот ослободува и ендорфин, односно хормонот на среќата.

Кога нивото на ендорфин е повисоко, полесно ќе се справите со стресот и лошото расположение и воглавно ќе се чувствувате подобро.

Побрз метаболизам

Кога ќе го изладите телото со студена вода, организмот веднаш почнува да ја регулира температурата. Поради ова, во телото почнуваат да се согоруваат одредени масти и калории.

Што значи, можеби во мала мера, но студениот туш помага и во борбата против килограмите.

zoshto-e-podobro-da-se-tushirate-so-studena-voda.jpg

Посилен имунитет

Студената вода има влијание и врз циркулацијата, а се верува дека им годи на леукоцитите во крвта. Поради ова, редовното туширање со студена вода може да ве направи поотпорни на настинки.

Опуштање на мускулите

Многу спортисти и физички активни личности забележале дека туширањето со студена вода, особено после тренинг, ја намалува болката во мускулите. Некои одат подалеку и тврдат дека студениот туш го спречува воспалувањето на мускулите.

zoshto-e-podobro-da-se-tushirate-so-studena-voda-02.jpg

Поубава кожа и посјајна коса

Иако ова не е научно докажано, многу луѓе тврдат дека студениот туш имал неверојатно влијание врз нивните кожа и коса.

Топлата вода отстранува повеќе масти од телото и лицето, па затоа ја суши кожата. Но, не сите масти на нашето тело се штетни, а туширањето со студена вода нема да ги отстрани.

Истовремено, студената вода ја подобрува циркулацијата, па веднаш после туширање ќе изгледате многу посвежо.

Повеќе енергија

Наутро пробајте да се истуширате со студена вода, па и самите ќе забележите дека ќе имате многу повеќе енергија.

Студениот туш може да ве расони многу подобро и од шолја кафе.

zoshto-e-podobro-da-se-tushirate-so-studena-voda02.jpg

Напомена: Не мора веднаш да почнувате со „грч“ ладна вода и да го шокирате телото. Намалувајте ја топлава вода постепено.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја чисти кожата, а косата расте густо – Зошто е добра оризовата вода и како да ја користите за разуб... Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја заја...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
„Ботокс“ маска од две состојки е хит на ТикТок – Колку е ефикасна? (видео) Таканаречената ботокс маска се прави од две состојки – ленено семе и вода – и иа...
Мартина Михајловска за стилот и убавината: „Не правам козметички третмани на лице, никогаш не сум об... „Јас сум голем гурман и во последно време знам на најблиски да им зготвам некој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg