Како да направите спреј за самопотемнување од една состојка, без хемикалии?
Половина лето веќе помина, а ако не успеавте да го добиете тенот кој го планиравте, постои природен начин да го направите тоа дома.
За постигнувањето на бронзен тен не мора да ја уништувате кожата со хемикалии. Затоа ви откриваме еден рецепт кој многу девојки го пробуваат летово.
Се прави од само една состојка, но важно е претходно да ја подготвите кожата, односно да направите пилинг.
Потребен ви е квалитетен црн чај. Во 2 литри вода ставете 2 супени лажици црн чај, оставете го да се олади околу половина час, па процедете.
Претурете ја течноста во шишенце со распрскувач и пропрскајте го целото тело и на лице.
Вреди да се проба, но не гарантираме дека ќе успее кај секого.
М. Д. | Црнобело