За топлите денови – направете си спреј за фиксирање на шминката
За шминката да не ви се растопува по лицето во топлите денови, направете си го овој домашен спреј и носете си го во чанта за фиксирање на шминката на лице.
Овој спреј ја хидрира кожата и е добар за секакви типови кожа, а истовремено ќе ви биде сојузник во топлите денови.
На кожата ќе ви остави блескав финиш благодарение на природните состојки, а шминката ќе ви остане на лицето фиксирана цел ден и притоа ќе изгледате природно и свежо.
Потребно ви е:
- Стаклено шишенце со спреј, 120ml
- Мала инка
- 2 лажици вода од роза или 2 лажици вода од краставица
- 1 лажица филтрирана вода
- 1 лажица гел алое вера
- ½ лажица билен глицерин
- 2 капки есенцијално масло по желба
- По желба може да додадете и роза или краставица
Подготовка:
Со помош на инката истурете ги сите состојки во шишенцето, затворете со капаче и протресете за добро да се измешаат.
Откако ќе нанесете шминка, држете го шишето на растојание од 12cm од лицето и нежно шприцнете 2-3 пати на повеќе места.
Оставете спрејот малку да се исуши без да го допирате лицето. Смесата чувајте ја во фрижидер до две недели максимум.
М. М. | Црнобело