Пробајте ги додека сте дома: 2 маски од 2 состојки кои ги користи Меган Маркл за сјајна кожа
Сега кога имате вишок време, пробајте да се негувате како Меган Маркл.
Покрај фантастичните модни комбинации, Меган е позната по минималната шминка и сјајна кожа. Па, како да го постигнете овој природен ефект?
Никола Џос е козметичарка која во повеќе наврати работела и ја негувала Меган, а токму таа открива дека Меган е фан на природната козметика без хемикалии.
Маските кои можете да ги измешате дома се многу поделотворни од купечките хемикалии, а покрај тоа се едноставни, евтини и точно имате контрола кои состојки ги одбирате.
2 маски кои Никола им ги препорачува на жените се:
Помешајте 1-2 лажици кокосово масло со 1/3 лажичка куркума и нанесете на лицето. Нека отстои, па избришете со сунѓерче. Иако таа не дава точни мерки, според останатите препораки, маската не треба да стои подолго од 10-тина минути на лице.
Пилингот од помешани овесни снегулки (околу 25g) со 1-2 лажици мед е одличен за секојдневно чистење на кожата од сите нечистотии. Нанесете на лице, благо измасирајте, оставете неколку минути и исплакнете.
Звучи прелесно, ништо не губите...
М. Д. | Црнобело