Како до „стаклена кожа“ - најпопуларниот корејски тренд за идеално лице
„Стаклена кожа“ е тренд кој прво се роди во Кореја, а секако, сега е веќе проширен во целиот свет. За што станува збор?
Идејата е вашата кожа да изгледа затегнато, рамно, без текстура и да биде сјајна – буквално како да е направена од стакло.
Звучи нереално и речиси неизводливо, но со добра шминка секако дека сè е возможно.
https://www.instagram.com/p/B8k9hoNlQUK/?utm_source=ig_web_copy_link
За да се постигне овој ефект, прво е важно воопшто да имате убава и негувана кожа – првиот чекор би бил хидратација. Користење правилни средства за нега и доволно внесување вода.
https://www.instagram.com/p/B8rWbogF84s/?utm_source=ig_web_copy_link
Следниот чекор е соодветна подлога која ќе треба да ги прикрие сите недостатоци на кожата, но да не ги истакнува брчките и порите. Затоа се препорачува користење на добри прајмери за пудра. По ова, идеални се за нанесување силно пигментираните пудри.
https://www.instagram.com/p/BmezrBFlbUD/?utm_source=ig_web_copy_link
Последниот чекор е нанесувањето хајлајтер на јаболчниците, носот, брадата и средината на челото. Погледнете како Худа Катан, една од најпопуларните шминкерки на YouTube и Instagram го постигнува ефектот на „стаклена кожа“.
https://youtu.be/qONDV_3PXhk
Е. П. | Црнобело