Тајванка од 63 години личи дупло помлада – Вели дека тајната е во една работа
Тајванската актерка и пејачка Чен Меифен има 63 години, но ретко кој ѝ верува дека веќе ја ситни седмата деценија.
Вниманието на светските медиуми го привлече кога за појавување на национална телевизија одбра фустан налик венчаница, а под него се оцртува згодното тело на 63-годишната Чен.
Која е тајната на младоста?
Покрај здравата исхрана и редовното вежбање со личен тренер, вели дека тајната на негуваниот изглед и добрата линија е ѓумбирот кој редовно го консумира и секојдневно се наоѓа на нејзиното мени.
„Во супата додавам и парчиња ѓумбир. Мислам дека многу помага за блескава кожа.“
Верувате дека ѓумбирот има моќ да направи една просечна 63-годишна жена да изгледа вака?
М. Д. | Црнобело