Чекор по чекор: 9 домашни маникири кои нема шанси да ги промашите
Маникир со цветен дезен
Намачкајте безбоен лак како основа и лак во посакуваната боја одозгора, оставете да се исуши.
Претходно внимателно исечените налепници ставете ги на ноктот и измазнете ги со помош на силиконско стапче или нешто слично.
Нанесете безбоен лак за сјај.
Текстура на ноктите
Намачкајте безбоен лак како основа и одозгора лак во посакуваната боја.
Оставете да се исуши, а потоа залепете тенки линии во форма како што сакате да добиете на ноктот.
Врз лентите, повторно намачкајте слој од истиот лак и потоа одлепете ги.
Оставете да се исуши и намачкајте лак за сјај.
Маникир со мермерен ефект
Намачкајте безбоен лак како основа и лак во посакуваната боја, но не оставајте премногу да се исуши.
Нанесете бела брановидна линија со тенка четка.
Потоа со обична безбојна четка за лак, нежно распределете ја белата боја низ целиот нокт со неправилни движења.
Оставете да се исуши и намачкајте лак за сјај.
Геометриски маникир
Намачкајте лак како основа и одозгора ставете розов лак.
Оставете да се исуши и потоа залепете прави линии во редослед како на сликата.
Одозгора намачкајте бел лак и отстранете ги линиите.
Оставете да се исуши и ставете лак за сјај.
Бонус:
За да не ви се размачкаат линиите од лентите, истите лепете ги на добро исушена основа.
M. M. | Црнобело