„Истренирајте“ ја својата коса помалку да се мрси
Луѓето кои имаат мрсна коса знаат колку често ја мијат и дека може да им се измрси дури и по неколку часа откако е темелно измиена со шампон и со вода.
Некои тоа го прават секој ден, некои преку еден ден, но масниот скалп не покажува изгледи дека ќе исчезне.
На сите им е добро позната изреката дека колку повеќе ја мијат косата, таа уште толку ќе се масти, но од каде да се почне?
Обидете се да ја „истренирате“ својата коса помалку да се мрси, за да треба да ја миете поретко. Ако ја миете секој ден, почнете да кратите и правете го тоа преку еден ден извесен период. Константното шампонирање ги стимулира жлездите и иако влакното е измиено, тие лачат повеќе масла.
Потоа почнете да намалувате на двапати во неделата. Разликата веднаш ќе биде забележлива.
Исто така, многу е важно да користите козметички производи наменети за вашиот тип на кожа и коса, не користете сув шампон и не претерувајте со четкање.
Бидете подготвени и дека овој процес е долготраен и може да ви одземе и неколку месеци додека косата да се врати во нормала.
Но, потоа, ќе забележите дека дури и до следното миење косата ви изгледа добро и тоа ќе значи дека вашата мисија е успешна.
Е. Д. | Црнобело