Dr. Hauschka третманите за „кралски“ сјајна кожа кои ги обожава Кејт Мидлтон, сега се достапни и кај нас
За првпат во Македонија, во Стратум Скин центарот, кој се наоѓа во срцето на градот, достапни се третманите со органската козметика на Dr. Hauschka, која е омилена на многу холивудски убавици, а истите се опишани во текстот подолу.
Да се биде свесен за своето здравје значи да се размислува за сè што внесуваме во нашето тело. Но, не треба да запреме само на она што го јадеме и пиеме.
Следен пат кога ќе решите да купите нов производ за нега на вашата кожа, погледнете ги состојките. Кога ќе го прочитате хемискиот состав, ќе сфатите дека е време да започнете нешто поинакво, ако сакате блескава и сјајна кожа. Односно, време е за нега со органска козметика.
Кожата е способна да функционира само кога е поддржана од природни производи, а хемиските токсини во препаратите може да предизвикаат сериозна штета.
Органските производи, од друга страна, кои се изработени исклучиво од цвеќе и внимателно одбрани растителни екстракти, се дизајнирани да ја негуваат кожата и да ја направат беспрекорна.
За првпат во Македонија, во Стратум Скин центарот, достапни се третмани токму со таква органска козметика – Dr. Hauschka, која е омилена на многу холивудски убавици.
Земете ја за пример совршено мазната кожа на Кејт Мидлтон, Џеј Ло, Џенифер Анистон, Кејт Аптон, Ен Хатавеј...
Во неколку интервјуа Џеј Ло и Џенифер Анистон открија дека го користат дневниот крем со роза од Dr. Hauschka, кој ја омекнува кожата и ѝ дава посебен природен сјај.
Кејт Мидлтон пак, го обожава дневниот крем од дуња, кој ѝ дава сјај на кожата. Токму така успева да изгледа младолико и фантастично, без многу шминка.
Сега истиот ви е лесно достапен и вам, заедно со цела линија на креми и маски, како дел од третманите во Стратум скин центарот, кои вклучуваат лимфна стимулација, длабинско и механичко чистење на лице, интензивна нега, релаксирање и опуштање.
Постојат 5 типови на третмани:
Ако ви треба комплетно „разгалување“ - Класичен третман на лице со времетраење од 2 часа
Ако ви треба да го вратите здравјето на кожата по голема промена (годишно време, патување, стрес) - Ревитализирачки третман за лице со времетраење од 90 минути
Ако ви треба одмор и смирување на кожата - Релаксирачки третман на лице со времетраење од 60 до 90 минути
Ако ви треба нешто за омекнување на кожата - Третман за чистење на лице со времетраење од 60 минути
Ако ви треба длабинско прочистување - Специјален третман за нечиста и мрсна кожа со времетраење од 60 минути
Што мора да пробате во Стратум скин центарот?
Нежна лимфна стимулација со четки кои ја заменуваат класичната масажа на лице.
Што е лимфна стимулација?
Лимфната стимулација е посебен вид на стимулација која го таргетира лимфниот тек во телото. Со соодветен притисок и ритмични движења се стимулира лимфниот проток, насочувајќи ги движењата кон срцето за дренажа на течности и отрови.
Со лимфната стимулација се подобрува тонусот на кожата опуштена поради губење на колагенот, а исто така и е одлична помош во справување со вишокот на масни наслаги бидејќи со исфрлањето на вишокот на течности од ткивата се овозможува и подобра циркулација и оксигенација на ткивата.
Додека сте таму, не ја пропуштајте и шансата за масажа, маникир, педикир, депилација...
Доброто чувство ќе го понесете со вас!