Како да не се здебелите и да го одржите телото во идеална форма додека сте на одмор?
Одморот е одличен период да направите пауза од работата, да се релаксирате, да истражувате нови места, импресии, да направите убави фотки, но и да го покажете телото.
На многумина им се случува за време на еднонеделниот одмор да качат по некој килограм или пак да се срамат да се соблечат на плажа.
Доколку се соочувате со таков проблем, имаме идеално решение за вас – вежби и начини да уживате и да слабеете додека сте на одмор.
Практикувајте ги следниве совети за да се чувствувате поубаво и од одморот да се вратите послаби:
Наместо месо, јадете морска храна
Не ве обесхрабруваме целосно да го избегнувате месото, но кога имате избор, наместо гиро, скара или брза храна, одберете да јадете морска храна – свежа.
Пешачете правилно
Сите го знаете ефектот од пешачењето, а посебно кога сте покрај море можете да ги искористите утрата за прошетки на плажа.
Но, за да имате подобар ефект, применувајте ги овие совети:
- Исправете ја главата, гледајте право и благо наведнете ги рамената.
- Кога стапнувате, газете од петата кон прстите, а нагоре туркајте го стапалото нагоре со прстите.
- Не заборавајте да ги нишате рацете во насока обратна од ногата со која чекорите.
- Пешачете најмалку 30 минути на ден, восхитувајте се на природата, грижете се за здравјето и одржувајте ја формата.
Заменете ги коктелите со свежо цедени сокови и кокосово млеко
Ова е еден од најдобрите начини за слабеење – колку и да е примамливо избегнувајте да пиете коктели и „освежителни“ алкохолни пијалаци додека сте на одмор.
Заменете ги овие пијалаци со свежи сокови и следете ги следниве совети:
- Пијте свежо цеден сок со цели парчиња
- 20 минути пред оброк напијте се една чаша сок – така ќе го намалите апетитот
- Пијте необични сокови од зелен зеленчук и краставица
- Експериментирајте со зачини како цимет или црвен пипер во соковите за забрзување на метаболизмот
- Не пијте сок од пакување, преферирајте свежо цедени или со млеко од кокос кое го продаваат локалците
Искористете го песокот
Одличен начин за слабеење на одмор се игрите на песок, како одбојка на плажа, фризби, тенис на плажа и слични активности со кои ќе го размрдувате телото, а притоа ќе се забавувате.
За да играте на песок ќе ви треба многу поголем напор со што повеќе ќе трошите без да забележите, а можете да применувате и посебни вежби за на плажа.
Пливајте минимум 20 минути
Вишокот масти почнува да се соговорува дури после 20 минути интензивно вежбање, односно во случајов пливање.
Неколку совети за полесно слабеење со пливање:
- Пливате активно минимум 20-30 минути или во просек од 600 до 800 метри. Ако сте почетник почнете со помалку.
- Идеалната температура на водата треба да биде од 24-28˚С, а морската вода е многу корисна.
- Практикувајте различни стилови на пливање и интензитет.
Правете вежби во вода
Аеробикот во вода е многу ефективен начин на слабеење, а секоја полесна верзија е добра за телото.
Секој пат кога влегувате во вода правете ги следниве движења:
1. Застанете исправено во вода со висина до грлото. Исправете ги рацете напред и кренете ги нагоре нозете исправени, обидувајќи се да ги дофатите прстите на рацете. Повторете 10-15 пати.
2. Трчање во место во вода, со тоа што ќе се обидувате да ги враќате нозете наназад што е можно повеќе и да ги удирате бутовите со петите, како и да ги движите рацете.
3. Соберете ги двете дланки и поминувајте низ телото, така што ќе почувствувате брановидни движења. Правете го ова 10-15 минути на повеќе делови од телото.
4. Легнете на вода, раширете ги рацете на страна и со свиткано колено кревајте ги нозете кон градите. Повторете со двете нозе 10-12 пати, 3 серии.
5. Застанете исправено во вода, скокнете нагоре и кренете ги рацете. Повторете 15-20 пати во три серии.
М. М. | Црнобело