Малку познати трикови за решавање на најчестите проблеми со убавина
Благодарение на многуте совети и туторијали кои може да се најдат на интернет, многу жени почнуваат сами да се грижат за себе и за својата убавина.
Постојат многу природни начини на кои може да се погрижите за своето тело и убавината.
На пример, постои начин да ги смирите црвенилата од брич и да ги отстраните дамките од ноктите со природни третмани.
Во продолжение погледнете неколку трикови за убавина кои не сте ги знаеле:
Сода бикарбона и лимон за отстранување дамки од нокти
Ноктите може да пожолтат од многу различни причини, но може да се среди со паста од 1 лажица сода, пола лажица маслиново масло и пола лажица сок од лимон.
Со мека четка нанесете ја мешавината на ноктите и тргнете ја по 5 минути. Повторувајте ја процедурата на 2 недели.
Аспирин за отстранување на калуси
Калусите може да доведат до болка, воспаление или лош мирис, а аспиринот е одличен лек за нив.
Искршете 4 таблети и направете ги во прав, па измешајте ги со вода и сок од лимон. Нанесете ја смесата на калусите, покријте ја површината со крпа и исплакнете по 20 минути.
Потоа нежно истријте ги нозете и исушете ги. Повторувајте 2 пати неделно.
Паста од јагода против црвенила од бричење
Измешајте неколку јагоди со павлака и нанесете директно на исечените делови со брич каде настанало црвенило. Оставете 10-15 минути и антивоспалителните и антиоксидантските својства на јагодите во комбинација со витаминот Ц, ќе си го направат своето.
Авокадо за скротување на разлетаната коса
Разлетаната и несредена коса може да го уништи и најубавиот изглед, но за среќа авокадото може да ви помогне да ја скротите.
Измешајте малку авокадо со јогурт и смесата оставете ја на косата 35 минути, а потоа исплакнете. Повторувајте 2 пати неделно.
Компири за стрии
Трагите од стрии се чест проблем кај жените, а се појавуваат како резултат на истегнување на кожата. Сокот од компир има корисни витамини и минерали кои ќе помогнат да се регенерираат клетките на кожата и трагите да станат помалку видливи.
Исечете неколку парчиња компир и поминувајте со нежно триење врз стриите неколку минути, оставете да се исуши па исплакнете.
Мед за испукани усни
Заради лековитите својства и моќта за омекнување, доколку усните ви се испукани од било која причина, можете да нанесете малку мед измешано со лимон пред спиење.
Лимон со мед за акни
Измешајте лимон со мед и нанесувајте ја маската на лице двапати неделно. Ќе забележите промени како намалување на брчки, исчезнување на акни и освежување и измазнување на кожата.
М. М. | Црнобело