Правила за убавина кои славните дами ги следат за да изгледаат совршено

Славните имаат многу квалитети заради кои им се восхитуваме – од талент до популарност, но пред сè, многумина не одолеваат на нивната убавина.

pravila-za-ubavina-koi-slavnite-dami-gi-sledat-za-da-izgledaat-sovrsheno-01.jpg

И секако, девојките сакаат да знаат како и тие можат да изгледаат како нив.

За да изгледаат совршено, славните дами подлежат на многу невообичаени процедури, но сепак некои од нив имаат и обични ритуали кои може да ги практикувате и вие.

Правила за убавина кои славните дами ги следат за да изгледаат беспрекорно:

1. Наместо хајлајтер во вид на крем или прав, Миранда Кер користи кармин за усни за да нагласи одредени делови на лицето, но карминот треба да биде природен.

pravila-za-ubavina-koi-slavnite-dami-gi-sledat-za-da-izgledaat-sovrsheno-02.jpg

2. Омилениот метод за полнење на усните на Мараја Кери е нането, кое овозможува циркулација на крвта во тој дел и се добива ефект на полни усни, но наместо свежо таа меша екстракт од нане во нејзиниот сјај за усни.

pravila-za-ubavina-koi-slavnite-dami-gi-sledat-za-da-izgledaat-sovrsheno-03.jpg

3По породувањето, Блејк Лајвли се водеше по строго органска диета за да се врати во форма, но никогаш изгледот не го става пред здравјето, па затоа бира здрава исхрана наместо други диети.

pravila-za-ubavina-koi-slavnite-dami-gi-sledat-za-da-izgledaat-sovrsheno-04.jpg

4. За нејзината кожа да блеска и сјае, Кејт Мидлтон применува процедури за разубавување со отров од пчела.

pravila-za-ubavina-koi-slavnite-dami-gi-sledat-za-da-izgledaat-sovrsheno-05.jpg

5. Пред да нанесе шминка, Хилари Даф задолжително прво става хидратантен спреј за лице кој ја освежува кожата и е полн со антиоксиданси што влијае на убавината на лицето.

pravila-za-ubavina-koi-slavnite-dami-gi-sledat-za-da-izgledaat-sovrsheno-06.jpg

6. Кендал Џенер знае дека во иднина рацете најбрзо може да ги откријат годините, па за да не ѝ остаре кожата во тој дел пребрзо, таа секојдневно мачка крема за заштита од сонце.

pravila-za-ubavina-koi-slavnite-dami-gi-sledat-za-da-izgledaat-sovrsheno-07.jpg

7. Ева Мендез има чуден ритуал за одржување на сјајот на косата – става регенератор на косата, ја собира во капа за туширање и преспива, а следното утро ја мие косата.

pravila-za-ubavina-koi-slavnite-dami-gi-sledat-za-da-izgledaat-sovrsheno-08.jpg

8. Ема Стоун не се потпира на хемикалиите и вештачки козметички производи, а за навлажнување и омекнување на лицето, користи природно масло од семе од грозје.

pravila-za-ubavina-koi-slavnite-dami-gi-sledat-za-da-izgledaat-sovrsheno-09.jpg

9. Нема прекумерно изложување на сонце, нема кофеин и задолжителни се 10 часа сон навечер, за Џеј Ло да изгледа совршено.

pravila-za-ubavina-koi-slavnite-dami-gi-sledat-za-da-izgledaat-sovrsheno-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Боб фризурата е хит кај ѕвездите – ја носат и нашите славни дами (фото) Сара Мејс, Селена Гомез – боб фризурата со должина до рамената е хит кај славнит...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg