Писмо до девојката која се срами од своето тело во бикини
Сонцето веќе е високо на небото, неговата топлина ја чувствуваш на кожата, а тебе те мачат темни мисли, зошто?
Помисли на брановите, на песокот, на плажата која чека на тебе, а не да стоиш пред огледалото и да го критикуваш своето тело, ментално одбивајќи го секој костим за капење што ќе го облечеш и прашувајќи се дали некогаш ќе имаш совршено тело на за плажата, како девојките од насловните страници.
Мора да ја набилдаш самодовербата и да запомниш дека ти си вредна, без разлика како ти прилегаат бикините.
Престани постојано да се изгладнуваш целејќи кон некакви идеали. Мора да научиш да се чувствуваш исполнето и задоволно и без тоа. Престани да се каеш за секој залак од твоето омилено јадење. Животот се сведува на мали задоволства, а храната е едно од нив.
Доста се истоштуваш со прашањата дали некогаш ќе бидеш доволно фит. Диетите и вежбањето не смеат да ти бидат главната преокупација во животот. Сфати дека бројката на вагата не е среќа. Работи на тоа да го промениш светот тој да ја гледа убавината на поинаков начин, да ја гледа твојата убавина.
Опкружи се со жени кои не даваат негативни коментари за телата на другите, жени кои ќе ти пружат поддршка и безусловна љубов за твојата појава. Кажи им стоп на споредбите!
Ти не си само тело, ти си интелигенција, добрина, емпатија... Ти заслужуваш да минеш релаксиран ден на плажата, додека песокот ти ги скокотка прстите, а брановите ти го разладуваат телото.
Заслужуваш да ги носиш бикините што ти се допаѓаат, да се чувствуваш убаво во својата кожа и да престанеш да мислиш на тоа дали другите ти судат за твојот изглед. Вредна си за љубов, без разлика на својата форма или големина, без разлика на тоа што општеството те убедува дека мора да изгледаш на одреден начин.
Вети дека претстојното лето е летото кога ќе започнеш да го сакаш своето тело и ќе сфатиш дека тоа ти припаѓа само тебе и на плажата и на никому друг.
С. С. | Црнобело