Подгответе се за лето: Делови од телото кои ги запоставивте и треба да ги негувате
Времето станува сè потопло, па полека почнуваме да се расоблекуваме и да носиме потенка и поотворена гардероба.
Но, за време на зимските месеци, факт е дека ги прескокнуваме физичките активности, како и поголем дел од рутините за нега на кожа.
Па, за да се подготвите за летото како што треба, потребни ви се неколку совети кои ќе ви бидат водич.
Трикови за да изгледате совршено до лето:
Кожа на лице
Во зима, кожата на лицето е најнежна и ранлива бидејќи постојано е подложна на ладни бранови, ветер и промени на температура.
Па сега треба малку повеќе да ја негувате, да користите пилинг и сите други природни третмани кои ќе ѝ го вратат сјајот на кожата.
Користете домашно подготвени лосиони и креми направени од природни масла, билки и не заборавајте на камилица.
Кожа на тело
Ниските температури и внатрешното греење ја прави кожата многу сува и дехидрирана.
Затоа погрижете се сега кожата постојано да ви биде навлажнета и да ја омекнете со помош на природни состојки како што е кокосовото масло, за да изгледа мека и нежна кога ќе носите кратка облека.
Бикини линија
Кога ќе носите бикини сите ќе можат да ја видат познатата „бикини линија“, па не дозволувајте да изгледа несредено, секогаш внимавајте дури и на најмалите влакненца во тој предел и задолжително мачкајте ја кожата во тој дел после секое бањање.
Под пазувите
Секако, со маичките по кратки ракави или прерамки, овој дел станува постојано видлив и не треба да го заборавите.
Ако сакате да го забавите растот на влакната и да направите кожата да изгледа посветло, пробајте го овој домашен крем на чиста кожа:
- 2 лажици куркума
- 1 лажица сода бикарбона
- 3 лажици мед
- Сок од пола лимон
Рамен стомак
На повеќето им е важно во летниот период да имаат рамен стомак и без размислување да се соблечат гордо по бикини или да облечат тесна маичка.
За тоа, ако не сте љубител на тешките и долги тренинзи, практикувајте ја следнава вежба:
Легнете на грб со нозете исправени, а рацете над глава. Држете ја пилатес топката над глава, а потоа кренете ги нозете и фатете ја со нив топката. Држете ја помеѓу зглобовите и донесете ја до подот со исправени нозе. Повторете 10 пати.
Задник
Секако, важно е да се посветите на оваа група мускули околу задникот, а чучнувањата се најдобри и најефикасни за подигнување на задникот.
Исхрана
Не заборавајте дека здравата исхрана е исто така многу важна, па што побрзо сфатите дека треба здраво и лесно да се храните, толку побрзо ќе постигнете резултати.
М. М. | Црнобело