Плетенка во вид на роза: Нова хит фризура (фото)
Цвеќињата во коса се одамна во тренд, посебно за пролетните и летните денови.
Но, најновиот тренд кој се прошири на социјалните мрежи е плетенката „аранжирана“ во вид на роза.
Може да се направат во различни големини и форми и да ги вметнете на различен начин - мали од страната, венче од рози или цела коса во вид на роза.
Но мора да признаеме дека може да биде вистински предизвик сами да ја направите истата, бидејќи треба да бидете вешти да направите повеќе видови плетенки кои потоа ќе ги „смотате“ во вид на роза.
За среќа, Алисон Валсамис, фризерка која е експерт во ова поле, на нејзиниот Инстаграм споделува туторијали и идеи за ваква фризура.
Но, и ако не сте талентирани за вакви предизвици, секогаш може да го посетите вашиот фризерски салон и да дозволите да ве „среди“ професионалец.
Само треба да ја одберете фризурата која најмногу ви се допаѓа, а следниве идеи ќе ви помогнат во тоа:
М. М. | Црнобело