Подгответе ги нозете за пролетни фустани во 4 чекори

Секоја жена сонуваше за овие температури кога конечно ќе може да ги носи пролетните фустани, но тоа создаде и еден проблем – како бледите нозе да изгледаат привлечно преку ноќ?

podgotvete-gi-nozete-za-proletni-fustani-vo-4-cekori-01.jpg

Во 4 брзи чекори ви помагаме повеќе да не ги криете нозете:

Чекор број 1

За да ја поттикнете циркулацијата и да ги сокриете трагите на сува кожа, направете пилинг од кафе. Благодарение на него ќе се ослободите од мртвите клетки и сите траги од зимата.

За природен домашен пилинг ви треба 1 шолја талог од кафе, половина шолја кокосово масло и неколку капки масло од рузмарин или портокал.

Чекор број 2

За да бидете сигурни дека нозете ќе ви бидат свиленкасто мазни, одберете го најбезбедниот начин на депилација кој не ви остава траги, рани и исеченици.

podgotvete-gi-nozete-za-proletni-fustani-vo-4-cekori-02.jpg

Чекор број 3

Хидратација и сјај. Посебно по депилацијата, треба да нанесете бадемово или кокосово масло. Буквално ќе сјаат!

Чекор број 4

Доколку сакате да го маскирате бледиот тен и малку да ги скриете сите лузни и белези, послужете се со спреј за самопотемнување. Доколку не сте вешти и се плашите од флеки, користете бронзер за сончан изглед.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg