Тајни со кои луѓето во различни земји од светот се одржуваат во форма
Русија – бања
Бањите во Русија се познати по тоа што им помагаат на луѓето да се релаксираат и да се ослободат од вишокот тежина заради топлата пареа.
Исто така, времето поминато во бања помага за циркулацијата на крвта и респираторниот систем.
Израел – морска сол
Лековитите својства на морската сол можат да помогнат да се ослободите од токсини и да излечат проблеми со кожата.
Затоа, многу израелски дерматолози препорачуваат да се вклучи во исхраната, или да се додаде есенцијално масло и да се употребува за време на купка.
Грција – здрава исхрана
Грчката кујна важи за една од најздравите, бидејќи е богата со разновидна храна, исполнета со свежо овошје, зеленчук, риба, маслиново масло и други состојки.
Бали – кокос
Тајната за убавината на жените од Бали е во употребата на кокосот, во исхраната, но и како производ за нега на тело.
М. М. | Црнобело