Мејкап трикови кои ќе „одглумат“ 8-часовен сон
На сите ни се случува да не можеме да заспиеме ноќе и наредниот ден тоа да се одрази на нашиот изглед.
За среќа, постојат козметички препарати со чија помош ќе успеете да изгледате свежо и одморено.
Енергизирачки серум
Одберете серум за да го нанесете на свежо измиено лице. Побарајте лесна формула богата со витамин Е и хијалуронска киселина, која ќе го изедначи тенот и ќе даде свеж сјај на лицето.
Маска за круговите околу очите
Во подобро снабдените парфимерии можете да најдете подлоги за под очи, потопени во колаген или друга активна состојка, која ќе ја хидрира кожата, ќе ја измазни и ќе ја подготви за нанесување коректор.
Спреј за расчешлување за коса
Кога немате време да ја измиете косата, нанесете регенератор во спреј, расчешлајте и испрскајте со сув шампон. Нема да изгледа како свежо измиена, но секако е подобро од ништо.
Неутрална боја на моливче за очи
Набавете си неутрално моливче за очи (нежна розова или портокалова) за да нанесете на долниот капак на окото, за да добиете визуелна будност.
Серум за под очите
Гел, балсам или кремаста структура, најдете го она што најдобро ви одговара и редовно користете го, за соодветна нега на кожата околу очите, која е доста понежна од останатите делови на лицето.
Хајлајтер
Хајлајтерот е важен дел од секој мејкап сет. Освежете ја шминката нанесувајќи седефна нијанса на коската долж јаболчниците и малку на врвот на носот.
Користете кремаст коректор
Кремастата формула е доста попокривна, но и дава поприроден изглед за разлика од течната или во стик. Жолтите тонови прикриваат темни дамки, а зелените помагаат да се неутрализира црвенилото.
Изберете маскара во боја
Сината и зелената маскара визуелно ги избелуваат зацрвенетите очи и е многу подобар избор отколку црната и кафеавата боја.
Дневен гел за лице
Хидратантен гел кој ќе послужи и како подлога за шминка, богат со хијалуронска киселина. Користете безмасни формули, за да избегнете затнување на порите.
Светкаво руменило
Розова нијанса со дискретни светки, ќе го освежи лицето и ќе направи да изгледате одморени.
Се надеваме дека со овие совети ќе ви помогнеме да изгледате одморено, но сепак, не дозволувајте пречесто да ви се случува тоа, бидејќи нема ништо подобро од природен свеж и одморен изглед.
С. У. | Црнобело