Зошто никогаш не треба да спиете со косата врзана во опавче?
Ако не сакате оштетени влакна и испаѓање на косата, време е да се откажете од оваа навика.
Дали и вие спиете со косата врзана во опавче затоа што не сакате утрото да се разбудите „како був“, но и затоа што во текот на ноќта косата ви пречи на лицето додека се вртите?
Ако е така, време е да престанете со оваа навика. Таа ѝ штети на вашата коса.
Ластичето со кое е стегната ви предизвикува сериозно оштетување и кршење на влакната.
Ако години наназад ја носите силно стегната косата во високо опавче секоја ноќ, може да се соочите со aлопеција по линијата каде завршува косата на челото.
Поради постојаното затегнување може да започнете да губите коса. Но, за среќа симптомите на алопеција може да исчезнат брзо откако ќе престанете да спиете со косата во опавче.
Но, ако продолжите штетата има шанси да биде трајна.
Оштетувања, исто така, настануваат ако носите цврсти плетенки и многу затегнати ленти за коса.
Сигурно по долго носење на опавче чувствувате како ве боли главата, па ако тоа не е добро за главата, сигурно не е добро и за косата.
Ако премногу ви пречи косата на лицето додека спиете, врзувајте ја само лабаво со некоја свилена лента или во многу лабава плетенка.
С. С. | Црнобело