Топ 5 женски и машки парфеми од 2017 година

„Жената која не користи парфем, нема иднина“, изјавила славната Коко Шанел, а сите кои уживаме во убавите мирисни ноти веројатно имаме по неколку фаворити кога се работи за скапата течност во убави шишенца.

Top-5-maski-i-zenski-parfemi-za-2017-godina-01.jpg

Оваа година донесе многу нови парфеми, како за мажите така и за жените. Кој е вашиот фаворит?

Погледнете ја селекцијата на петте најдобри женски и машки парфеми лансирани во 2017 година:

Женски парфеми

Gucci – Bloom

Најновиот парфем на Гучи доби бонус поени за најшик пакување. Минималистичкото нежно розово шишенце е фино спакувано во кутија со цветен винтиџ дезен, а самото пакување како и името го оправдуваат парфемот – нежно облаче од бели цветови.

Top-5-maski-i-zenski-parfemi-za-2017-godina (2).jpg

Prada – La Femme Intense

Прилично богат цветен парфем кој се развива уште повеќе по првото нанесување. Иланг-иланг нотите се збогатени со цвет од портокал, екстракт од коренот на индиска трева и малку пачули. Одличен парфем за есенско-зимските ноќи.

Top-5-maski-i-zenski-parfemi-za-2017-godina (4).jpg

Tom Ford – Fucking Fabulous

Уште еден парфем кој целосно си го оправдува името. Мирисот чиј акцент главно е ставен на суптилна дрвенеста мешавина е прилично ароматичен со блага пудреста нота која содржи сладок бадем.

Top-5-maski-i-zenski-parfemi-za-2017-godina (5).jpg

Burberry – My Burberry Blush

Мириса толку добро, што ви доаѓа да го изедете, или подобро кажано испиете. Зеленото јаболкото, лимонот, розата и калинката му даваат неодолива свежина, а помешани со цветните ноти на јасминот го прават овој парфем нежен и силен истовремено.

Top-5-maski-i-zenski-parfemi-za-2017-godina (3).jpg

DKNY – Nectar Love

Најновиот парфем на Дона Каран е неверојатно сладок. Содржи овошно-цитрусни ноти помешани со цветови и арома на мед, односно пчелин восок. Сите кои обожаваат слаткасти ароми ќе се вљубат во мирисот кој навистина потсетува на нектар.

Top-5-maski-i-zenski-parfemi-za-2017-godina (1).jpg

Машки парфеми

Davidoff - Cool Water Wave

По скоро 30 изминати години ќе си помислите дека Давидоф веќе немаат идеја како да го редизајнираат нивниот заштитен парфем, но тој е повторно во центарот на вниманието со својот ароматичен мирис, помешан со топли зачини и препознатливата „водна“ нишка.

Top-5-maski-i-zenski-parfemi-za-2017-godina(8).jpg

Givenchy - Gentleman

Најновиот машки парфем на Живанши е опишан како мешавина на моќ и слаткост. Нотата во самата срцевина на парфемот е круша и кардамом, а базата продолжува со пачули и црна ванила кои му додаваат дополнителна мистериозност при откривањето на слоевите.

Top-5-maski-i-zenski-parfemi-za-2017-godina(10).jpg

Paco Rabanne - Pure XS

Еден од најдобро продаваните парфеми во Велика Британија на сите времиња, Пако Рабан повторно создаде магија, која ги следи чекорите на претходниците Invictus и 1 Million.

Најновиот Pure XS е за смели мажи кои сакаат да ризикуваат, бидејќи содржи ѓумбир и темјан, со примеси на ликер и кедрово дрво.

Top-5-maski-i-zenski-parfemi-za-2017-godina(9).jpg

David Beckham - Respect

Парфемот содржи традиционални ноти на мошус, зајакнати со свеж грејпфрут, лубеница и розов бибер како горни ноти.

Ова е уште едно пријатно изненадување од страна на Дејвид Бекам, чии парфеми воопшто не се занемарувачки.

Top-5-maski-i-zenski-parfemi-za-2017-godina(6).jpg

Calvin Klein - Obsessed

Дизајниран како ехо на оригиналниот Obsession креиран во 1993 година, најновиот машки ароматичен убавец на Келвин Клајн „влече“ на темна ванила, во комбинација со кедар и килибар.

Top-5-maski-i-zenski-parfemi-za-2017-godina(7).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Топ 5 парфеми од ZARA за лето 2024 (и на кои познати мириси потсетуваат?) Кои 5 парфеми од ZARA се идеални за летниот период и на кои скапи дизјанерски па...
3 трикови со кои парфемот ќе ви трае цел ден Сигурно ви се има случено да го пронајдете омилениот парфем кој со задоволство ќ...
„Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“ „Заради овој парфем мажите буквално ме запираат на улица. Неверојатно е“ – девој...
10 најпопуларни женски парфеми во 2023 година Погледнете како изгледа листата од најпосакуваните женски парфеми за 2023 година...
8 трикови и совети со кои секогаш ќе мирисате беспрекорно (дури и без парфем) Не претерувајте со пиење кафе и обрнете внимание на исхраната. Што друго ќе ви п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg